08 Октомври, 2024
0.0349

Домаќин на свадба уапсен во Гостивар откако две жени беа повредени

Објавено во: Македонија 03 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Две жени се здобиле со повреди при пукање од огнено оружје на свадбена веселба во гостиварското село Чајле.

Непосредно по ранувањето, жените се згрижени во гостиварската болница, а лицето кое е осомничено дека пукало од пиштол е лишено од слобода.

Според информациите од СВР Тетово, половина час по полноќ во дворот на семјената куќа на Б.Х. (53), додека траела свадбена свеченост, имало пукање од огнено оружје. Во се уште до крај нерасветлени околности дошло до повредување на две жени кои присуствувале на веселбата. Повредените Х.И. (44) и М.М. (35) биле пренесени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад” и медицински згрижени.

Утрово, на местото на настанот, увидна екипа и јавен обвинител извршиле увид и се работи на расветлување на случајот.

По пријавата, околу 1:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Х. домаќинот на веселбата, под сомнение дека тој пукал со пиштол.

Годинава, ова е прв посериозен инцидент предизвикан од неовластено пукање на свечености во Гостиварско. Пред четири дена во тетовска Мала Речица при пукање со огнено оружје беа ранети две помлади лица од кои едното беше сериозно повредено и оперирано на скопските клиники.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл