Домашен есап на пазар не бива: мрсни цени за посен Бадник!
Објавено во: Економија 06 Јануари, 2013 09:30
„Ужасно е скапо особено ако пазариш ден пред Бадник. За споредба, пред само една недела костените чинеа 150 денари, а сега се продаваат за 180, на некои места гледав и по 200 денари што е лудост. Дури и рибата ја поскапиле за 20 денари, како да само еднаш се пазари“, револтирано велат граѓаните.
Со фрапантно високи цени на зелените пазари се продаваа и краставиците и доматите чија цена за килограм достигна и до 180 денари, односно 130 денари. Со непроменети цени можеше единствено да се купи овошјето со кое најчесто се честат коледарите. Еден килограм портокал можеше да се купи за 35 денари, мандарините за 50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движеше од 35 до 50 денари.
На бадниковата трпеза неизбежна е и рибата па така низ рибарниците во Скопје, вчера, крапот се продаваше за 250 денари а мавровската пастрмка за 350 денари за килограм.
Во услови на намалена куповна моќ на граѓаните а високи цени, оштетени се и граѓаните и трговците. Едните оти не можат да си дозволат богата бадникова трпеза, а другите оти регистрираат мала потрошувачка, состојба која се надеваат ќе се подобри за Божиќ кога на трпезата неизбежно е месото. Граѓаните за оваа вечера треба да одвојат многу повеќе од својот џеб. Цената на јагнешкото низ некои месарници веќе достигна цена и до 400 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





