19 Декември, 2025
0.0425

Домашни лекове при хемороиди

Објавено во: Стил 02 Јули, 2015 21:17

Добивај вести на Viber

Хемороидите претставуваат потечени и воспалени крвни садови во областа на ректумот и анусот. Една од најчестите причини за нивната појава се бременоста, неправилна исхрана, прекумерна тежина, недостаток на физичка активност и други.

Симптомите кои укажуваат на нивнпо присуство вклучуваат крварења при одење во тоалет, чешање, иритација и оток во аналната област. Важно е ако забележите присуство на хемороиди, да се консултирате со специјалист. Покрај назначените лекови има неколку домашни билки, кои можат да го олеснат неразположението кај надворешните хемороиди (има и внатрешни).

Оцет Јаболков оцет е ефективно средство, кое може да го запре чешањето и чувството на толина како последица на хемороиди. Оцет има својства што ќе ви помогне за намалување на отокот на крвни садови. За да ги третирате надворешните хемороиди, ставете на памук мала количина оцет и нежно тријте на погодените места.

Гел од алое вера Гелот од алое има многу својства. Неговите антиинфламаторни состојки помагаат за намалување на воспалението, отокот и топлината кај хемороиди. Купете 100% гел од алое вера и применувајте од него 2-3 пати на ден на надворешните хемороиди.

Коцка мраз Коцките мраз помагаат за намалувањето на крвните садови, намалување на отокот и итно олеснување на болката. Во мека памучна крпа ставете 1-2 коцки мраз. Потоа применете компресија на погодената област. Бадемово масло Бадемово масло делува смирувачки при третманот на надворешните хемороиди. Тоа ја навлажнува кожата, гоублажува воспалението, топлината и чешање околу анусот.

За да ги третирате хемороидите, ставете врз памук неколку капки од маслото и нежно тријте ја погодената област. Направете оваа нега неколку пати на ден.

Маслиново масло Маслиновото масло има антиинфламаторни и антиоксидантни својства, кои имаат лековит ефект врз надворешните хемороиди. Маслиновото масло помага за зголемување на еластичноста на крвните садови, што од своја страна придонесува за намалување на воспалението и оток на крвните садови во аналниот канал. На памук ставете мала количина маслиново масло и мачкајте нежно на засегната зона. Направете го овој третман 2-3 пати на ден.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се