18 Декември, 2025
0.0425

Доматите и компирите поскапи, а лукот и краставиците поевтини од лани

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2012 12:35

Добивај вести на Viber

Доматите, црвените пиперки, компирите, зелката, карфиолот и лимоните бележат најголем пораст на зелените пазари во месец октомври годинава, ако се направи споредба на нивните цени истиот месец лани. Зголемување има и во цената на кромидот, зелката, кикиритките во зрно и бананите. Како што соопштува Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените е забележано кај лукот, краставиците, корнишоните и дињите.