Доматите со цените едвај достапни за граѓаните во месец март
Објавено во: Економија 17 Април, 2019 11:40
Во првото тромесечие од годината е забележано зголемување на цените на зеленчукот. Во месец март,период кога раниот зеленчук е веќе достапен од домашното производство цените на доматот, пиперката и пролетната зелка пораснале за околу 30 % за разлика од истиот период лани.
Според државната статистика во првите три месеци од оваа година граѓаните потрошиле 1, 2 отсто повеќе за храна, за своето здравје, но и за свој мерак во кафани, ресторани и хотели. Исто така анализите покажале за разлика до минатата година во првото тромесечие од оваа економска година граѓаните на Северна Македонија потрошиле денар плус и за покуќнина. Исто така, статистиката покажала и зголемување на цените на мало за овој период од 0.5 проценти.
Според прогнозата на Народната банка за оваа 2019 година се очекува просечната стапка на инфлација ќе се движи околу 1,8%, а слична прогноза за стапка на инфлацијата од околу 2 % објави и Меѓународниот монетарен фонд.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




