ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024
Мултимилијардерот Ворен Бафет во понеделникот донираше повеќе од 1 милијарда долари, а исто така ги промени плановите за распределба на своето богатство по неговата смрт. За се ги известил акционерите на неговата компанија Беркшир Хатавеј со посебно писмо.
Ворен Бафет донираше акции во вредност од 1,15 милијарди долари на добротворните фондации на неговото семејство, вклучувајќи ги и оние што ги водат неговите деца Хауард, Питер и Сузи Бафет.
Тој потврди дека сака неговите деца постепено да ги распределуваат сите негови акции во Беркшир, кои сочинуваат 99,5 отсто од неговото богатство. Тој објасни дека „никогаш не сакал да создаде династија или да се води од какви било планови кои одат подалеку од неговите деца“.
Така, Бафет донираше 56,6 отсто од акциите на Беркшир од 2006 година. Потоа вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го донира во добротворни цели.
Тој, исто така, сподели ревидиран план за тоа кога „времето ќе му дојде“. Нагласува дека во тестаментот за секое од неговите три деца назначил „тројца управители на наследството“, доколку нешто им се случи. Триото кое ќе управува со неговото богатство по неговата смрт ќе треба едногласно да одлучи за распределбата на средствата.
„Одлуките за иднината веројатно ќе ги носат попаметни три живи и здрави мозоци отколку една мртва рака“, ја објасни својата одлука Бафет.
Најголемиот филантроп во историјата
Ворен Бафет е веројатно најголемиот филантроп во историјата, оценува Форбс. За време на неговиот живот, тој донирал повеќе од 60 милијарди долари во добротворни цели. Поголемиот дел од таа сума се 43 милијарди долари донирани на фондацијата Гејтс со која претседава ко-основачот на Мајкрософт (уште еден мултимилијардер) Бил Гејтс.
Последните пресметки на Форбс покажуваат дека богатството на Бафет е 150 милијарди долари, со што „пророкот од Омаха“ стана шести најбогат човек на светот. Бафет е двојно побогат од пред десет години. Сепак, неговото богатство не е ниту половина од богатството на најбогатиот човек на светот, Илон Маск (330 милијарди долари).
„Нема шанси јас или некој друг да сонуваме за богатството што стана возможно во Америка во изминатите неколку децении“, напиша Бафет во писмото објавено во понеделникот. „Тоа е неверојатно - ниту Форд, Карнеги, Морган, дури ни Рокфелер не можеа да го замислат тоа. Милијардите станаа новите милиони“.
Во писмото, Бафет сподели и важни совети за планирање на наследување кои не се однесуваат само на поединци со огромно богатство. „Кога вашите деца се постари, нека го прочитаат вашиот тестамент пред да го потпишете“, советува Бафет во писмото. „Не сакате вашите деца да ги доведуваат во прашање вашите одлуки во време кога повеќе не можете да одговорите на нивните прашања.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.