ДОСЕГА МНОГУ ОДЛОЖУВАЊА ЗА ПУЧ: Денес ново рочиште ги чека Заев и Груевски!
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Откако на 16 септември рочиштето беше презакажано за денеска поради отсуство на поротник, неизвесно е дали и денес лидерот на владеачката гарнитура ќе се појави на суд .
Катица Јанева денеса ќе го чека сведокот Никола Груевски за предметот во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот разузнувач, Зоран Верушевски.
Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.
Предметот „Пуч“ беше причина за отворен судир меѓу ОЈО, кое го раководи републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на Катица Јанева.
Двете обвинителства на почетокот се натегаа кој ја има надлежноста врз предметот, а откако СЈО го доби случајот, правната битка продолжи за доказите кои ОЈО не брзаше да им ги предаде на СЈО. Сите рочишта закажани пред аболицијата беа одложувани на барање на Обвинителството поради дополнителен увид во доказите.
Кривичниот суд, поради безбедносни причини и ризици, му наложи на тимот од СЈО да ги разгледува доказите директно во Судот, иако Апелациониот суд донесе решение со кое му дозволи на Специјалното јавно обвинителството да ги преземе на разгледување сите списи од предметот.