ДОСЕГА НАЈГОЛЕМОТО ОТКРИТИЕ ВО ЕГЕЈСКО МОРЕ: Што нашле археолозите во Грција?
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2018 17:34
Остатоци од безмалку 60 потопени бродови со многу антиквитети се најдени во Егејското Море.
За археолозите од Грција тоа е најголемо откритие во Егејското Море а остатоците од бродовите се пронајдени во близина на островите Фурни во источниот дел на Егејското Море.
Според археолозите тие потекнуваат од различни временски периоди – грчки, римски и византиски.
Подводните истражувања ги спроведе меѓународен тим кој во 2015 година прво пронајде остатоци од 25 бродови, подоцна оваа бројка се искачи на 58, а археолозите веруваат дека на дното од морето се уште има други кои не се откриени.
Во остатоците од бродовите се пронајдени над 300 предмети, од кои најмногу има амфори што се користеле за транспорт на вино, масло или мед.
Експертите големиот број на потопени бродови токму во овој дел на Егејското Море го објаснуваат со силните ветришта што тука ги има за време на бурите, како и со каменестиот брег на островите Фурни
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




