05 Декември, 2025
0.0738

Досие Чебрен и Галиште: Ќе се најде ли „храбра рака“ за изградба на Хидроцентралите?

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2013 08:17

Добивај вести на Viber

Во изминатите шест години низ лавиринтот наречен тендерски постапки за изградба на хидроцентралите на Црна река - Чебрен и Галиште се појавија многу странски инвеститори. Некои од нив поревносни во идејата да станат и инвеститори, некои помалку. Но, најверојатно ниту еден од нив во ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште не препозна профитабилен проект. Се сменија и неколку економски министри кои го водеа проектот, се остваруваа многу средби со потенцијалните инвеститори, но епилогот се чека веќе 20 години. По 10-ти пат во рок од 6 години Владата на премиерот Никола Груевски ќе бараат инвеститор за изградба на деценискиот проект Чебрен и Галиште. Иако веќе четири години Владата јавно не сакаше да си признае дека проектот мора да се ревидира во клучни делови, дури сега обелодени дека направиле значајни промени во проектот. За почеток Владата ќе бара инвестотор само за ХЕЦ Чебрен. Со ова, наместо двете хидроцентрали заедно да имаа минимум 527 мегавати инсталиран капацитет,  сега хидроцентралата Чебрен која прва се нуди на инвеститорите ќе има инсталиран капацитет од 333 мегавати. Помал инсталиран капацитет на електраните значи и помало годишно производство на струја. Со што Владата ќе ги намаме новите инвеститори во ХЕЦ Чебрен Со новите измени, висината на браната на ХЕЦ Чебрен ќе биде флексибилна помеѓу 182, 5 и 192,5 метри со можност за поставување на четири агрегати на ХЕЦ Чебрен. “Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери. Хец Галиште нема да биде услов за овој тендер, значи само ХЕЦ Чебрен, но со можност да се гради во иднина ако државата констатира дека е потребно да се градат“ изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Отстапки се направени и во уделот кој државата, преку ЕЛЕМ, ќе го има во партнерската фирма со инвеститорот, по кој и ќе се дели профитот. Од новиот инвеститор ќе се бара да понуди не помлаку од 35% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор, наместо како до сега 39%. цената за пренос на електрична енергија која се плаќа на АД МЕПСО да биде фиксна и да  важи за целиот  концесиски период на ниво од тарифата за 2013 год определена во висина од 4.4 евра по MWh, ХЕЦ Тиквеш се отстапува на концесионерот после 3 месеци по потпишувањето на концесискиот договор. Рве, Енел, Вербунд, Евн, ППЦ, ЦВЕ, Штрабаг, Балкан Енерџи Груп...сите пробаа, но не се решија да го градат Чебрен! Зошто?! Во изминатите шест години низ лавиринтот наречен тендерски постапки за изградба на хидроцентралите на Црна река - Чебрен и Галиште се појавија многу странски инвеститори. Некои од нив поревносни во идејата да станат и инвеститори, некои помалку. Но, најверојатно ниту еден од нив во ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште не препозна профитабилен проект. Се сменија и неколку економски министри кои го водеа проектот, се остваруваа многу средби со потенцијалните инвеститори, но епилогот се чека веќе 20 години. Сите влади досега бараа, бараа, но никако не најдоа компанија која ќе вложи 500-800 милиони евра во хидроцентралите на Црна Река. Или можеби извесни државници не сакаа/т да се изградат овие електрани?! Кога пред три години Владата го поништи тендерот за Чебрен и Галиште, многумина беа разочарани што пред економската криза ни побегна возот и не се договоривме со стратешки инвеститори, како РВЕ, ЕНЕЛ, Вербунд, Старткрафт, кои речиси со светлосна брзина ги инвестираа своите пари во регионот. Од поништувањето на тендерот тогаш, среќни беа малкумина во земјава, кои коментираа дека е добро што не се продадовме така лесно. Тие веруваа дека кон македонското хидролошко богатство државата веројатно ќе се однесува попаметно во иднина. Експертите неколку пати во измнинативе години алармираат дека Владата треба да ги ревидира податоците и прокциите за количеството на вода во Црна река. Во отсуство на тековно ревидирање на податоците од страна на државата, неодамна Словенци отишле до Мариово, направиле анализи и процениле дека во периодит 2020-2050 година врнежите во Пелагониско ќе се намалат за 35%, а потребите за вода ќе пораснат за 50%. ?! Оттука, се наметнува прашањето: Ќе има ли доволно вода Црна река во перспектива за изградба на ХЕЦ Чебрен, ХЕЦ Галиште и на уште една мала електрана меѓу нив - Орлов камен? МАНУ: Чебрен и Галиште треба да почнат со производство во 2018 години Последните проценки покажуваат дека изградбата на овие децениски најавувани електрани ќе чини близу 500 милиони евра. Доказ дека Чебрен и Галиште и тоа како го пробиваат рокот за изградба проектиран од МАНУ, а прифатен од Владата е самата енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години, според која овие две значајни електрани на Црна река, кај Мариово треба да почнат да ги произведуваат првите киловат часови струја веќе од 2018 година. Изградбата само на ХЕЦ Чебрен би била околу седум години. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода. Експертите објаснуваат дека Чебрен и Галиште се значајни не само за земјава, туку и за регионот, бидејќи треба да бидат еден од најголемите резервоари за вода. К.П

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите