ДОСИЕ „Ер Азија“ : Спасувачите ја обновиле истрагата, пронајдени уште 31 беживотни тела!
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2015 12:03
Спасувачките екипи денеска ја обновиле потрагата во северниот дел на Јаванскиот остров за остатоците и „црните кутии“ на авионот на компанијата „Ер Азија“ , кој со 162 патници на летот од Сурабаја кон Сингапур се урна на 28 декември, јавуваат агенциите.
Спасувачите во саботата успеале да пронајдат шест големи фрагменти на леталото со размери на најголемиот од 18 х 5,4 метри, а досега се пронајдени 31 беживотни тела.
Иако властите не ја наведуваат причината за несреќата, во извештајот на индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика се наведува дека е можно поради лошите временски услови авионот да се замрзнал и да се оштетени моторите, пренесува АФП.
Се истакнува дека тоа е само верзија добиена врз основа на метеоролошките податоци, но не и конечен заклучок на истрагата
Владината агенција, исто така, додава дека леталото најверојатно влегло во бурата во таа област позната по интензивното сезонско невреме.
Извор близок до истрагата рекол за Ројтерс дека според радарските податоци авионот изгледа направил „неверојатен“ обид на подигање во висина која го надминува ограничувањето на леталото Ербас „A320-200“ пред да падне.
Како што соопштува авиокомпанијата на „Ер Азија Индонезија“ која е во 49 одсто во сопственост на малезиската компанија „Ер Азија“, Индонезиецот кој го управувал леталото е поранешен воен пилот со 6100 часа летање во „A320“, а дека авионот во средината на ноември го поминал техничкиот преглед.
Според наводите на нацалникот на националната спасувачка служба Франсискус Бамбанг Сулисто, осмиот ден во потрагата во зоната на Јаванското море учествуваат 20 авиони, 27 бродови и 14 хеликоптери.
Зоната на претрагата остана иста, иако е проширена кон исток, бидејќи високите и силни бранови носат и остатоци од леталото на таа страна.
Претходно беше јавено дека утрово командирот на тимот на Западната флота адмиралот Абдул Рашид наредил прекин на работата на нуркачите поради лошите временски услови - брановите од три до четири метри и обилни дождови.
Леталото минатата недела приближно после 40 минути после полетувањето од вториот по големина индонезиски град исчезна од радарот , кај островот Калимантан.
Во авионот имало 155 патници и седум членови на екипажот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




