ДОСИЕ КАРГОВ: Удри по ОКТА, ги здрма трговците со струја, а го дочека смена! Зошто заминува?
Објавено во: Анализа 23 Јануари, 2014 09:39
Официјално, причината за заминувањето на Каргов не се соопштува, се посочува само дека тој самоиницијативно поднел документи за кокурсот за избор на директор на Инспекцискиот совет.
Еден од клучните проекти што Каргов ги најави за годинава беше новиот компјутеризиран транзитен систем кој треба да ги намали трошоците и времето за транзит на компаниите.
“Системот е подготвен. Тука нема никакви лажења и шминка и сметаме дека со ова се е исполнето да добиеме статус членка на Конвенцијата за заеднички транзит“ - изјави Каргов при крајот на 2013 та година.
Царинската Управа на чело со Каргов, често преку пресконференции и јавни настапи обелоденуваше заплена на шверцувана стока и марихуана.
Според Каргов, тој ја напушта Царината која за лани ќе прикаже зголемени приходи од наплата на царини.
“Според податоците што ги имаме до вчера, очекуваме дека приходите од царините ќе бидат околу седум проценти поголеми од минатата година, а исто така и акцизите со надоместоците кои ги наплатуваме ќе бидат најмалку за пет проценти поголеми во однос на лани. Тоа е она што го имаме како информација досега, но имаме уште пет дена до крајот на годината, изјави Каргов на финишот од 2013.
Во мандатот на Каргов, Царината доби и неколку донации. Меѓу нив и онаа од Државниот царински комитет на Азербејџан која се состоеше од шест лаптопи и 80 таблети.
Нафтена војна
На крајот од 2012 та година, изби „нафтена“ војна на релација грчката рафинерија „ОКТА“ и Царинската Управа. Менаџментот на “Окта“ најави дека ќе ја тужи царина поради одземањето на 9 одобренија за поедноставна царинска постапка и увоз на нафта и нафтени деривати. Од Окта тврдеа дека со овој потег Царината ќе се наруши снабдувањето на домашниот пазар.“Одлуките на Царинската управа за укинување на одобренијата за поедноставени постапки на увоз и извоз на нафтени деривати на ОКТА се во целост неосновани и неоправдани, регираа од рафинеријата.
Министерот за финансии Зоран Ставрески тогаш изјави дека „нема да има никаква криза“.
Царинската управа остана на ставот дека се одзмени девет одобренија за поедноставени постапки на скопска компанија за преработка на нафта и нафтени деривати откако утврдила дека сериозно ги прекршила царинските правила и прописи. Надлежните служби утврдиле дека компанијата увезувала стока забранета за увоз. Против неа се поднесени кривични пријави за „царинска измама“ и „криумчарење“, а се водат и прекршочни постапки за вкупно 561 записник за царински прекршок – информираа од царината.
Токму оваа “нафтена“ војна заедно со обелоденетиот “шверц“ на струја се сметаат за едни од поклучните случаи во последните неколку години поврзани со царината. По откривањето на неплатени давачки за увоз на струја, Царината најави кривични пријави и за физички лица и за фирмите.
Ванчо Каргов управува со Царината од 2006 та година, а неговиот мандат регуларно истекуваше во септември, годинава.
Што ќе работи во инспекцискиот совет?
Според информациите, Ванчо Каргов ќе го превземе менаџирањето на Инспекцискиот совет, откако конкурирал на владиниот оглас. Сепак, извори на “Фактор“ велат дека во конкуренција за оваа позиција бил и актуелниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарството, Дејан Рунтевски. Веќе подолг период во политичките кулоари се зборува за можното заминување на Рунтевски, но од директорска на амбасадорска функција. Рунтевски, во доцните вечени часови без коментар, само ја негираше информација.
Формирањето на Инспекцискиот совет беше најавено на крајот од 2013 та година, кога се распиша и конкурс за избор на неговите членови.
Инспекцискиот совет е самостоен државен орган со својство на правно лице кој е задолжен за, како што пишува во буџетскиот документ, “Координирање на работата на инспекциските служби, формирање и раководење со работните тела, подготовка и следење на примената на методологии и процедури за работа на инспекциските служби, донесување на програма и спроведување на испит за инспектор, издавање и одземање на лиценци за инспектор, набавка и следење на имплементацијата на софтверското решение за инспекциски служби со електронска распределба на надзори, следење на реализацијата на надзорите, следење на успешноста и генерирање на годишни оценки за инспекторите, носење на етички кодекс и разгледување на други прашања во врска со работењето на инспекциските служби“.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





