16 Мај, 2024
0.0414

ДОСИЕ ЛАУРА КОВЕСИ: Место утринско кафе, солзи на корумпирани политичари!

Објавено во: Балкан 22 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во Романија во последните три години има една шега меѓу политичарите, која не им предизвикува насмевка, туку напротив им влева во страв во коски. Последното нешто што сакаат да го слушнате дека: „Се јави Лаура Кодрута Ковеси. Сака да се сретне со тебе“. Кога во едно интервју ја прашаа: Дали ви е жал за луѓето кои ги обвинувате?“ Таа одговори: „Знам дека сум коректна во моите активности, па немам причина да ги сожалувам. Секогаш делувам професионално и поради тоа никогаш немам никакви емоции. Ние не судиме емоционално.“ Во мрежата на Ковети падна и екс премиерот Виктор Понта [caption id="attachment_206614" align="alignright" width="401"]laura-codruta-kovesi-la-dna-iar-tiberiu-nitu-pentru-functia-de-procuror-general-propunerile-lui-victor-ponta-18449446 Лаура Ковеси е ќерка на поранешен јавен обвинител, а мајка и била професорка по романска книжевност.[/caption] Лаура Кодрута Ковеси, имаше само 33 години кога дојде на функцијата Јавен обвинител на Романија во 2006 година. По два мандата од по три години, во 2013 година се искачи на највисокото скалило во правосудството, кога беше именувана за шеф на Романскиот антикорупциски директорат или ДНА, нституција која беше формирана да се бори со корупцијата во врвот на државните институции и власта во годините кога Романија се подготвуваше да и се придружи на Европската Унија. Оттогаш, таа процесуираше обвиненија за корупција против романските водечки политичари од сите партии: поранешната министерка Елена Удреа, градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску, братот на екс претседателот Трајан Басеску, кој беше уапсен кога Басеску се уште беше шеф на државата, и лани во септември почна постапка против тогашниот премиер Виктор Понта, кој потоа си поднесе оставка. [caption id="attachment_206612" align="alignright" width="401"]kovesi_02367900 Има една интернет страница која постојано објавува вицеви и таму за мене пишува дека јас не пијам кафе наутро, туку корумпирани солзи.[/caption] ДНА на чело со Ковеси за неполни две години отвори околу 6000 предмети, а против повеќе од 1.200 лица се подигнати обвиненија за случаи на корупција. Во 2015 година почнати се судски процеси против екс премиерот Понта, пет министри, пет сенатори, градоначалници, судии, полицајци, директори. Минатата година специјалното обвинителство нареди конфискација на 494 милиони евра, колку што и било нанесена штета на државата. Романската ДНА има околу 500 вработени, од кои 140 обвинители, 190 полицајци, 50 експерти. Наутро не пие кафе, туку корумпирани солзи На прашањето дали воопшто размислувала за тоа дека за неа велат дека е жената од која најмногу се плашат во Романија? Ковеси вели: [caption id="attachment_206613" align="alignright" width="401"]files Во последните неколку години политичари од сите партии беа под истрага, без разлика дали доаѓаат од власта или од опозицијата.[/caption] „Не мислам дека тоа е вистина. Знам дека има многу шеги за мене. Има една интернет страница која постојано објавува вицеви и таму за мене пишува дека јас не пијам кафе наутро, туку корумпирани солзи. Дека јас не ја бојадисувам косата со фарба, туку со корумпирана крв. Дека ако некој ми подари нешто, не го прифаќам подарокот затоа што не сум добила и фискална сметка со него и ја апсам таа личност. Се чудам кога ги читам овие работи за себе. Јас немам три глави и пет раце. Немам ни супер моќ. Немам ни магично стапче. Јас сум човек како и секој друг, жена како и секоја жена на моја возраст.“, вели Ковеси. Кога Ковеси ја критикуваат дека игра политички игра, таа одговара дека ДНА ги гони сите функционери за кои постои сомневање за корупција. „Во последните неколку години политичари од сите партии беа под истрага, без разлика дали доаѓаат од власта или од опозицијата. 90 проценти од сомнежите се докажаа, што е јасен доказ дека правната процедура е запазена, а истрагата оправдана.“ вели романската обвинителка. Во младоста несудена кошаркарка,  а сега нема време за маж и деца [caption id="attachment_206611" align="alignright" width="353"]media-142342299172339000 Државата може да оди нагоре во зависност од моите одлуки и тоа ми е сега приоритет[/caption] Лаура Ковеси е ќерка на поранешен јавен обвинител, а мајка и била професорка по романска книжевност. Како тинејџерка играла за клубовите Медиас и Сибиу и била селектирана во националниот тим кој зазвршил на второ место на Европското првенство во 1989 во конкуренција до 16 години. Во 1990 година по стапките на татко и се запишува на Правен факултет. Кодрута Ласку била мажена за Едуард Ковеси, а по разводот во 2007 година го задржала неговото презиме. Сега вели дека нема ни момче покрај себе, од причина што речиси нема приватен живот. Во овој момент за неа предност е што нема маж и деца, па го има на располагање сето свое време кое го посветува на работата. „Толку многу луѓе во моментов  зависат од мене, просперитетот на институциите и државата може да оди нагоре во зависност од моите одлуки и тоа ми е сега приоритет. “, знае да каже Ковеси. Нејзиниот слоган е: Повеќе образование, помалку корупција. Историска личност на која и се воодушевува: Ниту една посебно. Им се восхитувам на луѓето кои се обидуваат да создадат нешто во животот, кои се сериозни, одговорни и професионални. Три работи кои секогаш ги носи со себе: Книга, спортска опрема и телефон. Лаура Ковеси ќе ги учи Катица Јанева и Марко Зврлевски Лаура Кодрута Ковеси од вчера е во Скопје. Имаше средби со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски, а денеска ќе учествува на конференција на која ќе зборува за „ефективна борба против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на систем“. На конференцијата се најавени дека ќе присуствуваат Јанева, Зврлевски и министерот за правда Јашари, со кои романската обвинителка ќе го сподели своето искуство во борбата против корупцијата. М.Ј.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати