28 Март, 2024
0.0310

ДОСИЕ МИЈАЛКОВ: Како „недопирливиот“ заврши во Шутка

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најмоќен, најбогат, прв, недопирлив. Ретко кој од македонската јавност до вчера се сомневаше во кој било од овие епитети кои го опишуваа Сашо Мијалков. Прва асоцијација кога ќе се споменеше неговото име беше моќ. Можеби малкумина и сега веруваат дека тврдината е разбиена, иако фактите се на таа страна. Барем ако недопрливоста е критериум – Мијалков, пораншениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање од вчера е во притвор во истражниот затвор Шутка. Веста одекна гласно, оти и покрај последните апсења, бегството на неговиот прв братучед поранешниот премиер Никола Груевски, малкумина веруваа дека и Мијалков ќе заврши таму. Во истиот ден кога Груевски објави дека добил политички азил од Унгарија и своевидно се „спасил“ од затворската келија во земјава, таму практично заврши Мијалков. Малку се и неколку страници за карактерот и животот на оваа фигура во македонскиот јавен живот. Колку и да се знае – јасно е, само малкумина знаат детали за Мијалков.


Јавноста почна да го разоткрива со „бомбите“. А немаше, се чини, некој кој не чул за него. Кога се зборуваше за Мијалков некои шепотеа, некои дури ни името не сакаа да му го споменат – тој како да слушаше и знаеше се. А Специјалното јавно обвинителство сега побара притвор за предметот Таргет-Тврдина во кој Мијалков практично е осомничен за илегално прислушкување на илјадници граѓани во земјава. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои не биле издадени судски наредби. Комуникацијата е следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Но не е само тоа дело. СЈО го обвини поранешниот шеф на УБК и во уште неколку други случаи - „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2.“


Отворени се оти од разговорите кои ги слушаше СЈО, Мијалков уверливо влијае на судии, се сити на апсења, покажува моќ. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт малку се пишуваше за него, но јавноста сепак дозна дека Мијалков има имот и надвор од државата – најмногу во Чешка. Неговата империја е располсана во повеќе држави, а за таа Империја во земјава е обвинет и во истоимен случај на СЈО во кој осомничен е и Орце Камчев кој веќе е во притвор. Имотот во Чешка е еден од клучните аргументи за тоа што му е одреден притворот. Мијалков нема пасош, ама братучед му Груевски докажа дека и без него може да се бега од Македонија.


Судбината е малку чудна па неговиот притвор е одреден баш кога Груевски доби азил. „Фамилијата“. Секој го знае занчењето на оваа именка кога во прашање е политичкиот живот во земјата. Таа е асоцијација за братучедите – за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

А Мијалков доби притвор само некое време откако беше исфрлен од својата матична партија. Новото раководство тврдеше дека тој сега е близок со Зоран Заев. Потпретседателот Александар Николовски дури изјави дека во Макеоднија на сцена е нова криминална врска – Мијалков - Вице Заев, алудирајќи на тоа дека Мијалков ќе остане недопирлив. За него се тврдеше дека е главен виновник во договорот кога некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени. Мијалков одговори на обвинувањата со писмо до новиот лидер на ВмРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Наместо кукавички да се подметнуваат лажни обвинувања, покажи ги Христијане доказите дека јас некого со сила сум го терал нешто да прави или сум се обидувал да го поткупам. Ајде!!! Во спротивно  вештачкото и со лажни аргументи создавање еуфорија против мене, презентирано како „Панорама 2“ нема никако поинаку да се разбере отколку како обично, подмолно, егоистично барање виновник и алиби за серија твои грешки и на раководството на партијата. Сами измисливте „Панорама 2“. Без противник. Се боревте против дух, бидејки немаше противник, а противник немаше бидејки таков не постоеше. Самите го лажевте членството преку социјалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „Панорама 2“, и дека или вие или јас ќе сум победел. На почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години, рече Мијалков.


Го нарече Мицкоски кукавица.

„Запомни уште еднаш: со лаги и интриги не се освојува доверба на народ. Засрами се Христијан!!! Засрами се!!! Те гледам, и тебе, и некои други чавчиња од раководството и партијата, и се потсетувам на онаа народната: „секоја чавка сонува да се испогани на главата на орелот кога ќе го види паднат“. Ме видовте силно нападнат од СДСМ, па тргнавте со лаги и интриги против мене да си го поправате нискиот рејтинг и доверба, напиша Мијалков.

Мијалков е роден  во Скопје на 15 септември 1965 година. Дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

А.Т. - С.А.


Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра