16 Мај, 2024
0.0292

ДОСИЕ РАДОВАН КАРАЏИЌ: И поетите убиваат, зарем не?

Објавено во: Балкан 25 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Хашкиот трибунал го осуди Радован Караџиќ на 40 години затвор. Поранешниот лидер на Босанските Срби е прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за извршените злосторсктва за време на опсадата на Сараево. Др Радован Караџиќ е српски психијатар, поет и политичар, прв претседател на република Српска и еден од основачите и прв претседател на Српската демократска партија. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во 1995 година подигна обвинение против него. Радован Караџиќ беше во бегство од 1996 година до 21 јули 2008 година, кога беше уапсен во Србија. На 30 јули 2008 година, органите на Србија го испорачаа на Хашкиот трибунал. Кој е Радован Караџиќ PANews BT_P-04125b78-a906-4acf-8d65-14670f8cc13c_I1 Радован Караџиќ е роден на 19 јуни, 1945 година во Петњица, Црна Гора. Неговиот татко Вук, бил занаетчија, кондураџија и кројач. Семејството Караџиќ по потекло е од Косово и Метхоија, а потоа живееле во место под Дурмитор. Радован Караџиќ основно училиште завршил во Никшиќ, Црна Гора. На 15 години дошол во Сараево и се запишал на медицинско училиште, а после тоа и на медицинскиот факултет во Сараево(специјализирал невропсихијатрија). Дел од школувањето поминал во САД. Работел во болница во Сараево како психијатар (стручњак за депресија). Оженет е со Љиљана Зелен – Караџиќ, со која има две деца Соња и Саша. По националност е Србин, православен. Првата книга ја напишал во 1966 година. Притворен за проневера на државни пари Во 1987 година Радован Караџиќ, 11 месеци поминал во притвор. Бил осомничен за проневера на државни средства (изградба на викендица), но е пуштен поради недостаток на докази. Претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ во 2005 година, изјави дека Караџиќ во 1997 година од трезорот на Народната банка на Република Српска украл 36 милиони марки (околу 18 милиони евра), меѓутоа немаше покрената никаква истрага околу ова обвинување. Со политиката е од 1990 година Radovan-Karadzic-46_779524cСо политиката почна интензивно да се занимава од 1990 година кога е избран за претседател на Српската демократска партија. Во текот на 1991 година Радован Караџиќ како член на Координативното тело Конвенција за Југославија, се залагал за зачувување на демократизираната сојузна држава. Со оглед на тоа дека муслиманските и хрватските партии од Босна и Херцеговина биле против останувањето на БиХ во составот на Југославија, Караџиќ со другите српски политичари од БиХ, следната 1992 година се ангажирал за создавање на Република Српска, која на србите во Босна и Херцеговина требаше да им обезбеди опстанок во југословенската федерација. Караџиќ - вешт преговарач Се смета за исклучително стрплив, стабилен и слаткоречив и вешт преговарач. На 12 мај во 1992 година е избран за претседател на република Српска и останува на таа функција се до 30 јуни 1996 година. Под притисок на тогашните белградски власти и на светот Караџиќ на мировните преговори во Атина условно го прифатил Венс-Овеновиот мировен план, кој Народното собрание на Република Српска потоа го одби. Тоа предизвика потполна блокада на Република Српска од страна на Сојузна Република Југославија. Караџиќ не беше член на делегацијата на Сојузна Република Југославија на дејтонските мировни преговори. Самиот Караџиќ во 1996 година под притисок на државите членки на контакт групата и претседателот на Србија Слободан Милошевиќ го напушти политичкиот живот и претседателските овластувања и ги пренесе на потпретседателката Биљана Плавшиќ. Обвинение од Хаг Хашкиот трибунал на 24 јули и потоа на 16 ноември 1995 година подигна обвинение против Радован Караџиќ и началникот на генералштабот на војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Обвинението на Хашкиот трибунал го товари Радован Караџиќ по 11 точки и тоа. - по 6 точки за геноцид, соучество во геноцид, злосторство против човештвото, кршење на законите и правилата за војување и тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година (намерно убивање) - за протерување по политичка, расна и верска основа, депортација и други нехумани постапки – присилно преселување - за незаконско внесување терор помеѓу цивилите и држење на заолжници Потрага по Караџиќ Petar-Glumac-460b_782363cЗа Радован Караџиќ беше распишана потерница од Интерпол, а владата на САД понуди дури и награда од 5 милиони долари за помош за апсење на Караџиќ и Младиќ. Како една од примарните причини поради кои Караџиќ од 1996 до 2008 година успеваше да одолее на обидите за апсење, во јавноста се појави шпекулација дека поранешниот претседател на Република Српска во 1996 година, наводно склучил таен договор со тогашниот американски функционер задилжен за балканот Ричард Холбрук. Апсење на Караџиќ На 21. јули 2008. година беше уапсен извесен Драган Давид Дабиќ, алтернативен медицинар. Зад овој лажен идентитет меѓутоа се криеше еден од најбараните мажи на светот - осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ. Караџиќ беше уапсен возејќи се во градски автобус на линијата 73. Обвинителството на Хашкиот трибунал уште во ноември 1995 година го обвини за геноцид и злосторства против човештвото, сторени над несрпското население во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, во која загинаа најмалку 100.000 луѓе, а повеќе од два милиона беа принудени на бегство. На 30 јули 2008 година Караџиќ од српските власти е предаден на Хашкиот трибунал. На 31 јули 2008 година прв пат е изведен пред судот. Како „психијатар, писател и човек на мирот“ Караџиќ се претстави пред Хашкиот трибунал на 16. октомври 2012. година, во воведниот збор на почетокот на доказната постапка на одбраната, која самиот ја застапуваше. На почетокот на процесот во април 2009. година, кога обвинителите почнаа да ја докажуваат неговата вина, Караџиќ истакнуваше дека не се брани себеси туку српскиот народ. Во втората половина од судењето, кое е во тек, акцентот е на сопствената одбрана. 40 години затвор за Караџиќ radovan-karadzic-presuda-foto-ap-2016-1458828386-871359Судскиот совет на Хашкиот трибунал вчера го прогласи 70-годишниот Караџиќ за виновен за 10 од 11-те точки на обвинението, вклучувајќи го и тоа за геноцид за масакртот во Сребреница 95-тата година. „Советот ве осудува вас, Радован Караџиќ, на единствена казна од 40 години затвор. Седнете, Г-дин Караџиќ. Обвинетиот е во притвор од 21-ви Јули 2008 година и според ставот 101c од правилата, тој има право времето кое досега го поминал во притвор да биде земено предвид“, изјави судијата Квон. Случајот на Караџиќ се смета за еден од најзначајните процеси за воени злосторства по Втората светска војна. Тој ги отфрли обвиненијата, тврдејќи дека сите извршени злосторства биле дело на поединци кои делувале самостојно, а не на воените сили на босанските Срби кои биле под негова команда. Судскиот процес против Караџиќ, во текот на кој тој самиот ја водеше одбрана, траеше 8 години. И.М

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години