19 Декември, 2025
0.0429

ДОСИЕ РУДНИЦИ: Како Бугарите останаа сами во игра за Добрево и Тораница?

Објавено во: Економија 19 Март, 2016 07:55

Добивај вести на Viber

Молк од Министерството за економија за обвинувањата од дел од странските компании што беа елиминирани на тендерот за рудниците за олово и цинк, Тораница и Злетово. Од економија велат дека постапката сеуште не е завршена, и компаниите не се известени за одлуката. Повеќе детали најавуваат од почетокот на следната недела. - Постапката се уште не е  официјално завршена, а компаниите не се писмено известени за резултатите од јавното наддавање. Откако ќе бидат писмено известени и официјално ќе се објави одлуката, оние компании што сметаат дека се оштетни ќе имаат право на жалба, посочуваат од Министерството за економија. А во меѓувреме двете компании едната од Србија, а другата од Велика Британија кои тврдат дека незаконски биле елиминирани веќе најавија жалби и дека целата тендерска постапка е сомнителна. Од претставништвото на британската компанија „Минеко“, тврдат дека се незаконски елеминирани од страна на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија на рудниците Тораница и Злетово. Тие посочуваат дека нивната документација била комлетна, но дека се обесправени. Случајот го пријавиле во Британската амбасада.Од компанијата велат дека со елеминирањето на компаниите кои поднеле документација се намалила конкуренцијата на тендерот, а со тоа и можноста за добивање на највисока понуда,со што ја оштетиле државата. -Ја очекуваме официјалната одлука од Министерство за економија. Секако дека ќе поднесеме жалба бидејќи сметаме дека процесот на проверка на документацијата не е спроведен според постоечкиот Закон за доделување на концесии на минерални суровини. Со повеќе информации сигурно ќе излеземе следната недела кога и официјално ќе ја поднесеме жалбата,  вели за Фактор,  Александар Билбилов директор на македонската филијала на Групацијата „Минеко Обоени Метали” Дооел. Жалба поради елеминирањето најавуваат и од српската компанија „Металферм”. Концесијата ja доби бугарската „Минстрој Концесијата за експлоатиација на руда во Тораница и Злетово ја доби бугарската компанија „Минстрој”. Оваа компанија ќе стопанисува со рудниците 30 години, a годишно понудила да плаќа по два милиони евра, што е два и пол пати повеќе од почетната цена од 850.000 евра. Но, по реакцијата на двете компании од Србија и Велика Британија во отсуство на официјална изјава од надлежните, се отвора сомнеж како се спровел тендерот, дали конкуренцијата била нарушена, како бугарската компанија го добила тендерот, зошто се елиминирани двете компании и дали дисквалификувањето на двете компании е во согласност со Законот за доделување на концесии за ископување на минерални суровини?  Дополнително дел од учесниците се сомневаат дека на две од трите компании кои не биле дисквалификувани им биле вршени притисоци да не учествуваат во јавното наддавање. На тендерот наместо пет компании како што било предвидено учествувале само две заинтересирани фирми, бугарскиот холдинг „Минстрој” и руската компанија „Солвеј” преку рудникот за бакар во земјава Бучим. Бугарската компанија „Минстрој учествувала во проектот „Скопје 2014 На веб страната на бугарскиот холдинг „Минстрој” се наведува дека компанијата е основана во 1952 година и дека поседува компании во областа на градежништвото, трговијата, рударство, енергетика, како и производство на делови за електрика. Претседател на Советот на директори е Николај Влканов. Оваа комапнија работи во Австрија, Германија, Сирија, Тунис Нигерија и во Македонија. Компанијата има пет рудника во Бугарија, а учествувала и во градежните работи во проектот „Скопје 2014”, но и во некои проекти за инфраструктура во Македонија. Стечајната постапка за рудниците сеуште не е завршена Голготата на рударите од рудниците Тораница и Добрево започна минатата година. Тогашниот сопственик индиската компанија „Индо минерали” доцнеше со исплатата на платите а рударите се пожалија на лоши услови за работа. Неколку пати штрајкуваа, а од менаџментот на индиската компанија им беше ветувани дека проблемите ќе се решат. Во ноември лани Министерството за економија еднострано го раскина договорот за концесија за експлоатација на руда со „Индоминерали”, поради неплаќање концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини. Рудниците отидоа во стечај, но стечајната постапка сеуште не е завршена. Во двата рудника има речиси 1.000 вработени на кои им се должат три пол плати во износ од околу 2 милиони евра. -Како синдикат немаме сеуште информација што се случува со тендорот.Имотот од стечајната маса сеуште не почнал да се продава, за тоа треба да одлучи Собранието на доверители. На вработените им се должат три и пол плати. Ако се активираат рудниците или ако концесионерот се одлучи да гради нови, тогаш можат да очекуваат да бидат вработени. За да може да ги акитивира рудниците, новиот концесионер треба да стане нивни сопственик, а тоа ќе следува по завршување на стечајната постапка и по ликвидацијата во која се врши продажба на имотот, вели Маре Анчева, Синдикатот на индустријата енергетиката и рударството (СИЕР). Новиот концесионер на двата рудника по правило треба да е и единствениот  заинтересиран за купување на имотот од кој треба да се платат  доверителите. Судот во Штип утврди дека вкупниот долг на двата рудника изнесува 7,5 милиони евра, а имотот ќе се продава без почетна цена. Засега е непознато кога новиот концесионер односно бугарски „Минстрој” ќе ги рестартира рудниците, но останува и неизвесно како ќе се развиваат работите, со оглед на тоа дека дисквалификуваните компании од Србија и Велика Британија најавија жалби Т.С.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?