05 Декември, 2025
0.0387

Дaу Џонс ја прави најголемата промена во изминатава декада

Објавено во: Анализа 20 Септември, 2013 09:16

Добивај вести на Viber

На 26 мај 1896 за прв пат јавно Чарлс Доу го пресмета просекот на Дaу Џоунс индексот. Денеска ова е најпознатиот индекс во светот и истиот е сочинет од 30 мега компании кои котираат на Њурошката Берза. За да бидеме историски коретни да кажеме дека статистичарот Едвард Џоунс е партнерот на Чарлс и секако е второто презиме во овој индекс.

Компании постојано влегувале и излегувале од индексот, но денешниот петок ќе биде запаметен по тоа што индексот ќе ја претрпи најголема промена во изминатава декада. Го напуштаат Хјулит Пакард, Алкоа и Бенк од Америка, а влегуваат Најк, Голдан Сакс и Виза. Индексните фондови ќе продаваат акции од оние кои излегуваат, а ќе купуваат акции од оние кои влегуваат во индексот. Нормална работа за индустријата која вреди трилиони долари и за која времето е буквално пари. Но оваа промена има е еден друг аспект. Промените на индескот ја покажуваат и промената на времето во кое живееме, поточно во кое живеат американците, но во последно време светот е толку многу глобализиран, па така големите промени не можат никого да заобиколат. А глобализацијата не го заобиколи ни индексот ДAУ. Порано можеби на него се гледало на патриотски приказ на моќта која ја има САД пред се поради тоа што огоромен број на компании имале Американ пред името. Денеска, ово предзнак го има само Американ Експрес. Погледнете те ја трансформацијата на индексот низ декадите: Џенерал Електрик е убедливо најстарата компанијта во индескот. Излегвањето на Џенерал Моторс го прикажува падот на една голема и доминантна индустрија во САД, додека Мајкрософт и Мекдоналдс со нивниот влез на крајот на 80те и почетокот на деведесетите се типични претставници на глобализацијата. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени