05 Декември, 2025
0.0290

Доверителите за секторот на недвижности преземат се поголеми ризици

Објавено во: Анализа 26 Јули, 2014 08:30

Добивај вести на Viber

Доверителите за секторот на недвижности во Европа продолжуваат да го засилуваат апетитот за ризик. Во потрага по повисок принос се повеќе кредитори погледнуваат кон споредните пазари, кон различни средства, како и кон можностите да финансираат ветувачки градежни проекти, се наведува во новиот извештај на консултантската компанија Cushman & Wakefield. Се очекува овој тренд да продолжи и во втората половина на годината. Се зацврсти и тенденцијата за интензивирање на активноста на алтернативните кредитори - должнички фондови, осигурителни компании, пензиски фондови, фондови за акционерски капитал и т.н., за сметка на традиционалните кредитори за секторот на недвижности - банките. Експертите предвидуваат дека уделот на алтернативните кредитори ќе остане стабилен на наспроти процесот на "нормализација" во банкарскиот сектор и постепеното враќање на банките како активни играчи во секторот на недвижностите. Бројот на доверителите продолжува да се зголемува Бројот на активните кредитори за секторот на недвижностите во Европа се зголеми за 47% во однос на првиот квартал на 2012 година до 182, покажуваат податоците на компанијата. Уделот на алтернативните кредитори од сите активни кредитори се зголеми од 16% во почетокот на 2012 година до речиси 40% во средината на оваа година, се наведува уште статистиката. Комерцијалните банки остануваат водечки извор на финансирање за секторот на имот. Над една третина од активните кредитори за секторот се комерцијални банки, а речиси една петтина се инвестициските банки. Должничките фондови и фондовите за акционерски капитал се малку под една третина од активните кредитори за секторот на недвижностите, а осигурителните компании - 10 проценти. Клучните пазари се главна цел Велика Британија, Франција и Германија остануваат најпосакуваните дестинации за секторот на недвижностите. Сепак се засилува и интересот кон периферните пазари поради можностите за повисок принос. Како такви најпосакувани се Шпанија, Португалија и Италија. Обично на водечките европски пазари на имот доверителите позајмуваат околу 65-70% од вредноста на средството. Повеќе сепак се зголемуваат заемите кои покриваат поголем дел на финансирање на трансакциите. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени