23 Ноември, 2024
0.0289

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

Објавено во: Агробизнис 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Деновиве имаме врнежи од дожд кои се многу важни за развој на житните посеви во земјава. Агрометеорологот од УХМР, Ангелко Ангелески вели дека овој дожд е повеќе од добредојден за сите култури.

„Повеќе од добредојдени се дождовите за житарицата, затоа што житата беа во критична фаза. Не пораснаа соодветно. Ваквите временски услови барем ќе бидат добри за опрашувањето, оплодувањето и налевањето на зрната. Ако се случи да наврнат по 30-40 литри дожд на метар квадратен е добредојдено. За сите култури е добро и за овошките, само не е добро за пчелите. Тие беа во интензивен развој, сега малку ќе стагнираат. Ако процвета багремот, значи не е добро. Да видиме како ќе поминеме со минималните температури. Ако падне снег, со првото разведрување ќе имаме минимални температури. Ако падне под минус, ако температурата биде -1, -2 голем дел од овошките ќе ги изгубиме, затоа што тие имаат формирано плод. Но, зависи и во која експозиција се, на север, запад, исток, дали се во дворови каде микроклимата е поинаква, ако се на отворено ќе измрзнат“, вели Ангелески.

Но, температурните шокови негативно влијаат на билките. Градинарските култури ќе станат подложни на болести, а нешто позаштитени се оние кои се под пластеници.

„Секој температурен шок и температурна разлика мора да ја осетиме ние луѓето, како и билките. Тоа е неминовна работа. Затоа постои превентива. Има препарати кои делуваат на стресните фактори, тоа се аминокиселини кои ја подготвуваат билката на некои температурни осцилации. По обилни дождови и валкани дождови се јавуваат пепелница, пламеница, кадравост. Дали се овошки, лозја или некоја друга култура, сите трпат поради овие климатски промени. Јас секогаш сум за превентива, поевтина е, помалку чини, а земјоделците немаат створено навика да ги штитат културите во овие кризни времиња. Оние насади под пластеник се позаштитени за нијанса“, објаснува агроном од Куманово.

Во Претор, Охрид, Тополчани, Лазарополе, Прилеп наврнаа најголеми количини дожд. Во регионот, имаше невреме и снежни врнежи на повисоките места. Температурите се движат од 15 до 23 степени.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку