20 Април, 2024
0.0481

Дознајте ги актуелните светски трендови на Саемот на мебел 2017 од 21.03 – 26.03.2017

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

43-от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел - МЕБЕЛ 2017 започнува на 21-ви и ќе трае до 26-ти март.

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации во Македонија и пошироко поради оригиналноста на декорираните простори и понудата на  мебел по сечиј вкус. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество ќе земат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи. Има учесници од Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина  и Словенија.

Со почетокот на пролетта традиционално се отвора Саемот на мебел кој ги нуди најоригиналните дизајни за уредување на домот и овозможува посетителите да бидат во тек со светските трендови за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание. За време на МЕБЕЛ 2017 учество ќе земат и повеќе банки и осигурителни компании кои на посетителите ќе им ги понудат поволностите за кредитирање и осигурување на своите домови. Исто така, и самите изложувачи ќе имаат свои изненадувања и поволности за посетителите како дел од своите понуди.

Веќе две години по ред изложбениот простор опфаќа 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел.

Оваа година во состав на Саемот за мебел ќе учествуваат и УРБАНОЛД кои повеќе години редизајнираат стари парчиња на мебел. Нивната работа претставува уникатен пристап во освежувањето на чувствата кои во минатото доминирале во домот. Секое парче мебел има своја приказна која е врзана со одредено време, локација, семејство или култура. Сите заинтересирани за обновување на незаменливи парчиња мебел може да ги посетат УРБАНОЛД на овогодинешниот Саем на мебел.

Овогодинешниот Саем за мебел ќе им понуди интересен шопинг предизвик на посетителите кои за да учествуваат во истиот ќе мора да го посетат Саемот, да направат фотографија од нивното омилено парче мебел и истото да го објават на нивниот Фејсбук профил како јавен пост, со хаштагот #МоетоОмиленоПарчеМебел. Откако, ќе го направат тоа, фотографиите со најмногу лајкови ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 300, 500 и 700 евра.

Доделувањето на ваучерите е на ден 26.03.2017 во 16,00 часот.

Исто така, традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени експонати и ќе бидат доделени признанија на најдобрите учесници на саемот, во две категории: производители и трговци. Стручната комисија е составена од претставници од Архитектонски факултет, Факултетот за дизајн и технологија на мебел, Асоцијација на архитекти, Кластерот на дрвна индустрија и од Министерство за економија на Македонија.

Доделувањето е на ден 23.03.2017 година, во 20,00 часот во Управната зграда на саемот.

43-от Меѓународен саем за мебел 2017 ќе се одржи од 21.03 - 26.03.2017 година.

Саемот ќе биде отворен од 10,00 до 20,00 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и студенти 50 денари.

Сакате да бидете во тренд и да бидете свои?! Посетете го Саемот за Мебел и стекнете се со нова перспектива за уредување на вашиот дом.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!