14 Мај, 2024
0.0261

Дознајте кои се недостатоците од тоа да работите на Волстрит

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Луѓето кои размислуваат за кариера на Волстрит , навистина треба да знаат во што навлегуваат. Да, тие ќе добиваат подобри плати од просечните за светот. Да, тие ќе учат нови работи постојано . И да , тие ќе учествуваат во важни трансакции (или барем можат да се надеваат). Тие, исто така најверојатно ќе се состанат со извонредни луѓе . Работата на Волстрит сепак си има и недостатоци. Ветеран од финансиската индустрија , кој посакал да остане анонимен, за Business Insider споделил неколку начини на кои Волстрит може да го уништи животот на човекот. Вработените на Волстрит треба да се справат со искривени чувства за парите , прашања за тоа каква е вредноста на нивната работа во општеството , развој во застој и најважно, фактот дека никогаш немаат доволно време. Идејата во случајот е дека ако човек сака да влезе во овој бизнис , подобро да ги сака финансиите, бидејќи тие ќе го заземат неговиот живот. Ќе работите повеќе од 80 часа неделно , па ќе биде тешко да излегувате на состаноци". Ќе работите по многу часови во првите пет години, што значи дека стабилните врски не се за препорачување." Очекувајте постојано да сте на службениот телефон BlackBerry. "Ова ќе биде голем проблем за партнерот". Ќе бидете толку изморени, што нема ни да имате сили да излегувате додека сте млади и неженети . "До навршувањето на 30-та година ќе немате енергија да излегувате во петокот вечер , дури и ако се уште сте неврзани". Бидејќи ќе работите многу , најверојатно ќе пропуштите важни настани со своите најблиски . "Прескокната свадбата на сестра си ... не ја видов баба пред да почине , итн". Пред да наполниш 30 години, твоите пријатели ќе мислат дека заработуваш многу повеќе пари отколку што всушност заработуваш. "Ќе заработуваш повеќе пари од сите други, но многу помалку отколку што сите си мислат. Пријателите ќе мислат дека си скржав кога се држис стиснато, бидејќи сметаат дека си добил 300.000 долари бонус , додека всушност си примил 150.000 долари. Тоа е кога имаш 25-26 години." Постои веројатност да ја вршиш истата работа во целата своја кариера. "Ќе бидете ангажирани како дел од група . Освен ако не се откриете себеси ( магистратура, започнување од нула на нова позиција) ќе се занимавате со истата активност до крајот на животот . "Кој ви најмил ? Управувачкиот директор за спојувања и превземања (M & A) ? Ова ќе диктира што ќе правите 20 години подоцна . Во рамките на бескомпромисната култура на Волстрит, дисциплините не може да се ротира . Сето тоа е исто така условно . Ако ја мразите прва работа, сте се зафркнале". Во текот на неколку години ќе си сонувате што ќе правите откако ќе завршите со работата на Волстрит. "Постојаната фантазија ќе ви биде план за тоа што ќе правите кога ќе престанете со работата што ве поистоветува со работниците во фабриките кои копнеат за пензија ". Ако се уште сте таму , на крајот ќе започнете да се запрашувате каква јавна вредност има вашата работа". Ќе наполните 40 година и ќе сфатите дека постигнувањата ви немаат вистинска јавна вредност (со исклучок на банкарите , кои во ретки случаи се занимаваат со работи кои навистина придонесуваат кон БДП)". Просто се надевате дека физички се уште сте во добра форма . " Како портфолен менаџер во хеџфонд , најдоброто, на кое можете да се надевате , е задоволството од тоа дека сте здрав. "Веројатно ќе се чувствувате непријатно на другарските средби од гимназијата и универзитетот". Вашите соученици од училиште кои станале медицински сестри , наставници итн навистина влијаат врз животот на луѓето . Вашите колеги студенти , кои основаат компании и создаваат/откриваат нешта влијаат врз економијата. Ќе се чувствувате чудно на овие состаноци . "Ќе стекнете искривена слика за парите". Начинот на кој гледате на парите ќе биде изобличен . Ќе ве зафркнат со бонусите и ќе сте депресивни или ќе полудувате, а во исто време заработувате повеќе пари годишно , отколку што вашите родители заработиле за целиот живот". Во оваа фаза човек не може да води обичен живот. " Искривените ви чувства за парите , заедно со вашата околина , ќе доведат до начин на живот , кој е исто толку несигурен , како и на секој човек од средната класа . Само бројките се поголеми . Заради потребата да ја исплаќате огромната хипотека , најскапите приватни училишта и слично, сонот за обичен живот секогаш ќе ви се измолкнува". Може да ви треба малку повеќе време за да созреете. " Годините поминати во постојана работа ќе го забават совладувањето на некои лекции од животот. Кога во подоцнежна фаза веќе имате сериозни врски , ќе бидете незрели во некои односи. Така и нема да сте научиле некои основни работи за тоа како се случуваат работите во врските". Ниедно дете не сака да биде како вас кога ќе порасне. "Ниту еден ученик нема да каже дека сака да биде како вас кога ќе порасне , дури ни вашите сопствени деца". Ќе се чувствувате чудно кога ќе им објаснувате на другите луѓе со што се занимавате . "Кога сте на вечерни забави и луѓето ве прашуваат да објасните со што се занимавате , ќе се чувствувате глупаво , бидејќи зборовите кои излегуваат од устата ваша , звучат толку несериозно". Ќе се чувствувате непобедливи на 29 години со седумцифрена плата. Доверете ми се за тоа . " Ќе има тензии меѓу вашите колеги". Ако сте од најискусните нема да допаѓаат алчните регрути. Ако пак сте сте од последните ќе презирате сите поискусни . " Особено кога се натпреварувате за парче од опаѓачката торта . "Ќе се натпреварувате со најблиските колеги постојано . Понекогаш ќе се чувствувате како тим , со исклучок на времето за добивање на бонуси . " Ќе ви бркаат параноја да не ви заебана во секоја трансакција. " Нешто за што никој не зборува : Ќе ве брка параноја да не ви зафркнат во секоја финансиска трансакција од реалниот живот. " Визијата ќе страда . Многу луѓе на Вол Стрит се луди за здрав начин на живот , но од овој вид на работа очите речиси скоро секогаш страдаат . Ќе копнеете за уште време и дури ќе наоѓате начини да си го купите . " Бонусите и платите се намалуваат . Индустријата е во лоша состојба . Сепак сето богатство е релативно . Луѓето гледаат дека се справувате добро , млад сте, живеете во голем град и од таа причина ќе има мала армија од луѓе кои ќе ви помагаат да донесувате лоши одлуки . Да, оние кои трчаат по злато постојат, агенциите за луксузни придружнички постојат, дилерите на дрога со муштерии на Волстрит постојат, скапи лекари , кои ви пишуваат рецепти за работи од кои немате потреба , постојат. " Може да ги мразите своите колеги . "Ќе работам со кретени : Волстрит ги наградува неурамнотежените личности . Уживајте"!   А.А.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи