Дознајте кои се условите за добивање на земјоделски субвенции
Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2013
Повисок квалитет, добра земјоделска пракса, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси ќе бидат само некои од условите за добивање земјоделски субвенции во наредниот петгодишен период.
Како што рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, овие принципи дефинирани во најновата Програма 2013-2017, ќе се воведуваат постепено и најпрво ќе важат за одредени категории производители и за поголемите стопанства.
- Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување право за користење финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Програмата, ќе се воведуваат постепено, најпрво како барања за основна земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса кои се полесни за спроведување за земјоделците, истакна Димовски на јавната расправа за Предлог-листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.
До 2017 година најмалку 25 отсто од износот на исплатената финансиска поддршка ќе биде условно поврзан со обезбедување на бараните основни и добри земјоделски пракси.
- Постепеното воведување услови кои треба да се исполнат за обезбедување пристап до средствата за директни плаќања произлегува и од перспективниот развој на системот на директни плаќања во Заедничката земјоделска политика на ЕУ кој оди во насока на заострување на условите за субвенционирање како дел од политиката на руралниот развој, особено на зелената, еколошка компонента, нагласи министерот.
Според него, барањата за основна и добра земјоделска пракса, како и за заштита на животната средина ќе бидат своевиден вовед и подготовка за воспоставувањето задолжителни стандарди во македонското земјоделство како основа за стекнување право за директни плаќања по влезот во ЕУ.
Учесниците на јавната расправа информираа дека следуваат активности за подготовка на промотивен материјал за примена и достигнување на принципите на добрата хигиенска пракса од страна на стопанствата и спроведување кампања со паралелни обуки на институциите вклучени во процесот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.