Дознајте што ве чека викендов според хороскопот
Објавено во: Општо 20 Јули, 2018
ОВЕН
Семејните интереси ви се на прво место и на секој начин се обидувате да направите нешто со што ќе им го направите викендот незаборавен. Ако веќе имате започнато некои работи околу домот, викендов ќе бидете преокупирани со тоа и нема да имате време за одмор. Останатите овни ќе се покажат како добри домаќини и ќе го соберат семејството на ручек. Ако сте слободни, дружењето и комуникацијата ќе ви биде на прво место. Тоа особено ќе дојде до израз вториот ден од викендот кога е можно да запознаете личност родена во воздушен знак.
БИК
Ако се уште немате отидено на годишен одмор, викендов ќе имате голема желба да отидете во некое туристичко место и да вкусите барем мал дел од уживањето што ви го нуди летото. Комуникацијата со семејството ви е добра, но своето уживање го ставате пред се и поради тоа ќе се обидете да им се наметнете избирајќи некое познато и скапо место. Имате потреба да бидете во центар на вниманието и да се покажете во вистинско светло без лажна скромност. Ако сте слободни, ќе бидете опкружени со многу интересни личности и ќе ви биде тешко да се заинтересирате само за една.
БЛИЗНАЦИ
Вие сте личност која има голема потреба за комуникација и за дружење. Местата кои се преполни со луѓе, се цел на вашите вечерни излегувања. Но, викендов сите ќе бидат изненадени од потребата да останете дома и да комуницирате со семејството. Имате нагласена потреба да учествувате во семејните договори и да им наметнете дел од своите интереси. Вториот ден од викендот сепак нема да му одолеете на друштвото и ќе му се придружите. Личноста родена во воздушен знак, која неодоливо ве привлекува, ќе биде таму и ќе започнете комуникација. Другото зависи од вас.
РАК
Грижата околу еден член од семејството ве оптоварува и викендов ќе имате потреба да му се посветите и да му покажете дека многу ви значи. Ако се уште не сте отишле на годишен одмор, можно е во текот на овие денови да тргнете на пат. Оставете ги емоциите на страна и обидете се да се опуштите. Бидете внимателни и не покажувајте нервоза. На тој начин можете да срушите се што сте испланирале. Доколку сте слободни, очекувајте средба со мистериозна личност родена во воден знак. Личноста е многу затворена и тоа највеќе ќе ве привлече кон неа.
ЛАВ
Ги имате сите причини да бидете задоволни од себе, но како нешто да ве тера назад. Имате потреба да се враќате назад и да се преиспитувате. Опуштеноста и самоувереноста која вообичаено ве краси е намалена и пријателите не можат да ве препознаат. Дел од тоа што ве измачува се и некои нерешени семејни проблеми. Партнерот е нервозен и агресивно се обидува да ви се наметне. Тоа ве тера уште повеќе да се повлекувате. Доколку сте слободни, можна е порака од некоја личност која одамна ја знаете. Прочитајте ја и не отфрлајте ја без да размислите.
ДЕВИЦА
Ги користите сите начини да им се приближите на пријателите и да го обновите контактот што во изминатиот период го имавте прекинато. Вашето повлекување предизвика револт кај пријателите и сега имате желба на некој начин да го поправите односот. Грижата која ќе ја покажете ќе биде навистина искрена и повторно ќе се вратите во кругот на оние кои ви значат. Доколку планирате заеднички одмор, не им се наметнувајте со своите идеи. Дозволете и тие да имаат свое мислење. Обрнете внимание на една личност родена во воден знак.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.