16 Јануари, 2025
0.0294

„Др Пановски“ и Градот заедно ќе ја реконструираат зградата „Пелагонија“

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Во реконструкцијата на фасадата на објектот АДГ “Пелагонија”, со одредена финансиска сума ќе се вклучи и сопственикот на објектот, компанијата  за производство на лекови, медицинска опрема и материјали „Др Пановски“. Проектот за реконструкција ќе претрпи неколку измени, идејното решение останува исто. Според Предлог измените на Одлуката за утврдување на изгледот на фасадите, делод од трошоците за фасадната обнова ќе ги сноси Градот, а дел акционерското друштво. Компанијата „Д-р Пановски“, до Градот доставила нов проект за изведба на градежните работи изработен од  „Градежен институт Македонија“. Проектот му го предале на Градот без надомест бидејќи како што се образложува Одлуката, реконструкцијата на објектот е заедничка определба на градската самоуправа и на сопствениците на објектот. Во проектот измени се направени во количествата на материјалите и цените за истите материјали кои се предвидени да се употребат при градежните зафати, задоволување на стандарди за енергетска ефикасност. -Град Скопје, го прими новиот проект и смета дека истиот одговара на однапред усвоени насоки за реализација на новиот изглед на фасадата на објектот на АДГ Пелагонија.Со оглед дека Град Скопје е инвеститор согласно закон и носител на трошоците, сопствениците наидоа на интерес да учевствуваaт финасиски и со сопствени средства да ја потпомогнат реализацијата на овој проект со оглед дека со оваа реконструкција и доградба им се зголемува вредноста на објектот и истиот добива на ефикасност. Меѓусебните односи за кофинансирање ќе се уредат со договори. Проектот кој се предлага за составен дел од Одлуката е нарачан од страна на АДГ Пелагонија и истиот со Меморандум е предаден на Град Скопје без надомест од причина што реконструкцијата на фасадата на објектот Пелагонија е заедничка определба на Градот Скопје и на сопствениците на објект Пелагонија,  стои во образложението на Предлог одлуката од Градот Скопје. Освен техничките измени во проектот, изгледот на фасадата и архитектонскиот стил остануваат исти како и во претходниот проект. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?