Драги: Рано е да се каже дали на Грција ќе и треба трет пакет за спас
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2013 10:34
Засега е рано да се прогнозора дали на Грција ќе и биде потребен трет пакет финансиска помош, изјави претседателот на Европската централна банка.
Во одговор на прашање на европартеник од редовите на грчката опозициска партија Сириза, Драги потенцира дека грчкиот долг засега е одржлив, потсетувајќи дека во тек е исплатата на помошта од вториот пакет за спас на Грција.
Драги нагласи дека ЕЦБ ќе продолжи да и исплаќа средства на Грција од вториот пакет-помош до крајот на 2014, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој заедно со ЕЦБ и ЕУ ја сочинуваат „тројката“ меѓународни кредитори на Атина, ќе одделува средства за потребите на грчката држава до почетокот на 2016 година.
Донесувањето на евентуална одлука за трет пакет за спас на Грција ќе зависи од обемот на пристапот на земјата до финанските пазари до крајот на 2014 година, нешто што засега е тешко да се предвиди, дополни Драги во одговорот од европартеникот од Сириза.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




