Драма околу Реплек: Во одлуките од собрание „испарија“ тие кои се за работата на менаџерите
Објавено во: Економија 09 Април, 2021 13:45
Откако Македонска берза времено го запре тргувањето за акциите на Реплек, поради тоа што друштвото не достави известување за одлуките од вчерашното Акционерско собрание, попладнево Реплек извести за дел од усвоените одлуки. До берзата се доставени одлуките кои вчера поминаа на Собранието, но не се наведени сите одлуки односно ги нема тие кои се клучни. Мнозинството акционери не гласаше за одобрување на работата на Управниот и Надзорниот одбор со што практично на членовите им престануваат функциите.
Во посебно известување е напишано дека седницата на Собранието која се одржа вчера ќе продолжи на 22 април. На ова продолжение треба да се разгледа Годишниот извештај за работењето на Друштвото за период јануари декември 2020 година и да се усвои извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор и Извештајот за работењето на Надзорниот одбор, усвојување на извештајот и одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор од дневниот ред за отповикување и избор на нови членови.
Берзата подоцна го врати тргувањето со акциите на Реплек.
„Во врска со привремениот прекин на тргување со акциите на Реплек АД Скопје, Ве известуваме дека издавачот изврши објава на одлуките од собранието на акционери преку СЕИ-НЕТ, после што продолжи тргувањето со обичните акции издадени од Реплек АД Скопје, известија од берза.
Фактор прв објави за турбуленциите во Реплек. Мнозинството акционери не се задоволни од работата на генералниот директор Иван Туџаров. Впрочем на вчерашното акционерско собрание не е одобрена работата и на Управниот и на Надозрниот одбор. Со тоа автоматски се отповикани сите менаџери на чело со Туџаров. Фактор се обиде да го добие но телефонот е исклучен.
Продолжението на седницата на 22 април ќе значи најверојатно и избор на нов менаџмент.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




