ДЕТАЛИ: Што ја „пукна тиквата“ во моќниот Реплек - акционери против Туџарови
Објавено во: Економија 09 Април, 2021
Незадоволството е таложено со години, но тиквата пукнала по последните потези на менаџерите на Реплек за поделба на дивидендата, но и показателите за работењето на друштвото. Како што веќе објавивме вчера, мнозинството акционери со гласање против не ја одобриле работата на Управниот и Надзорниот одбор на Реплек, на одржаното Годишно собрание со што според нив, автоматски им престанува функцијата на членовите на одборите. Денеска акционерите за Фактор велат дека треба да се закаже продолжување на оваа седница на Собранието и да се гласа за нови членови на клучните одбори откако претходно акционери ќе достават предлог кој ќе го замени Иван Туџаров досегашниот долгогодишен директор на познатата фармацевтска компанија.
Што ја зоврело ситуацијата? Раководството предложи да се дели годинава дел од добивката на друштвото како дивиденда, во нето износ од 2.153 денари по акција, а награда за раководниот тим од 13,7 милиони денари. Несвојствено е одобрување на награди да се гласа на собрание. Остатокот од добивката требаше да е воакумулирана добивка. Акционерите сметаат дека во време кога компанијата остварила 25 отсто раст не требало да има намалување на дивидендата во однос на претходната 2019 година.
„Првичното незадоволство резултираше со одлука за неприфаќање на работата на Управниот и на Надзорниот одбор. Не се согласуваме со нивните предлог одлуки во однос на дивидендата, но и кондицијата на друштвото во однос на задолженоста но и нетранспарентноста која се провлекува. Во година кога компанијата расте 25 отсто дивидендата се намалува од 61 евро по акција во 2019 на 35 евра по акција за 2020 година. Инаку друштвото има раст на долгорочните обврски од 150 отсто, без конкретен инвестициски и бизнис план, вели еден од најкрупните акционери.
Тие денеска за неизгласувањето на работата на Управниот и на Надзорниот одбор на Реплек ќе ги известат и надлежните органи, Акционерите кои гласаа против се 38,2 отсто од вкупно 76 проценти од тие кои присуствувале на годишното акционерско собрание.
Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.
Како што веќе објави Фактор Согласно Член 363 и 384 од Законот за Трговски Друштва, со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени.
Сите активности, дејствија и овластувања се замрзнати се додека не се назначи нов Управен и Надзорен одбор, на продолжената седница на Годишното Собрание на Акционери во рок од 8 до 15 денови.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.