Драма во „Гранит“: Акционери бараат дупла дивидендата, менаџментот одбива, кој ќе победи?
Објавено во: Економија 05 Мај, 2021 07:35
Две домашни физички лица, кои заедно поседувааат над 10 отсто од акциите на „Гранит“, побараа компанијата да исплати 30 денари бруто дивиденда по акција наместо неполни 17 денари бруто принос колку што предложи Управниот одбор. Ќе видиме кој кого ќе надгласа на претстојното акционерско собрание...
Крупни малцински акционери градат корпоративна историја и ја подигаат и јакнат акционерската свест! Уште еден пример за личен ангажман што ќе придонесе за јавна и јасна артикулација на правата на малите акционери: две домашни физички лица побараа од менаџментот т.е. Управниот одбор на „Гранит“ да внесе нов предлог со кој акионерите ќе гласаат да се исплати 30 денари бруто дивиденда за секоја акција со право на глас ! Овој предлог треба да го замени актуелниот според кој износот е дивиденда е на половина од предложеното. Само за потсетување собранието на акционери на најголемата домашна градежна компанија е закажано за 21 мај.
Две домашни физички лица (маж и жена) со исто презиме, легитимни предлагачи на претстојното акционерско собрание на „Гранит“, дадоа предлог за промена на дивиденда, а документот е достапен и на сервисот СЕИ НЕТ на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=54911. Со овој предлог тие бараат поддршка наместо 751.000 евра бруто износ за дивиденда да се исплати 1,35 милиони евра.
Во нивното образложение тие се повикуваат на, според нив, солидна ликвидна и солвентна позиција на „Гранит“ која произлегува од ликвидни расположливи кеш средства кои друштвото ги располага. Воедно укажуваат и на тоа дека „Гранит“ нема кредити, има солиден износ на акумулирана добивка, а и чува значајни износ на пари во инвестициски фондови вложени во кеш со ниски приноси, а чува средства и во вложувања во акции (се мисли на стекот на „Гранит“ во акции на „Комерцијална банка“ н.з).
Тие предлагаат дивидендата да се исплати во законски предвидениот рок, а пресек за дивиден принос да биде 4 јуни 2021 година.
Акционерите Даница и Васил Георгиеви ги повикуваат сите акционери на претстојното собрание да го поддржат нивниот предлог и да гласаат за промена на износот и за зголемување на средствата наменети за дивиденда.
На нивниот предлог експресно реагираше (во следниот работен ден од денот кога акционерите го поднесоа н.з.) управниот одбор на „Гранит“ кој изнесе нивни аргументи зошто е против предлогот на двајцата малцински акционери. Образложението на УО на „Гранит“ е достапно на следниот линк
Овој предлог може да предизвика интересна ситуација на претстојното гласање со која овие акционери, освен бројни малцински сопственици на акции, е можно да добијат поддршка и од институционалниот инвеститор друштвото кое управува со пензиски фондови „Сава пензиски фонд“ кој поседува 7,7 отсто од акциите.
„Гранит“ има повеќе од 4.100 акционери – домашни физички лица кои поседуваат околу 70 отсто од акциите со право на глас. Најкрупни поединечни акционери – домашни физички лица и малцински акционери се братот и сестрата: Зоран Милковски, генерален директор на „Гранит“ и Ивана Милковска , претседател на Надзорниот одбор на градежната компанија. Двајцата поседуваат по нешто повеќе од 8 отсто од акциите со право на глас, кои ги наследија од нивниот татко Страшо Милковски, долгогодишен директор на „Гранит“ и актуелен претседател на Управниот одбор на компанијата (кој и самиот е уште акционер и поседува помалку од 5 отсто од акциите на „Гранит“ н.з.).
Акцијата на „Гранит“ е една од најликвидните акции на нашата берза, редовно дели дивиденда и е во составот на берзанскиот индекс МБИ-10.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





