Драма во ПЦЕР - Самка Ибраимоски без СДСМ, но и без партија
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Самка Ибраимоски откако се закани дека ќе ја напушти коалицијата со СДСМ се соочува со нов проблем, овој пат со неговото членство чии претставнции соопштија дека целосно ја напуштиле партијата ПЦЕР и дека преминале во партијата на Шабан Салиу, Демократски сили на Ромите која пак, е стандарден коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Во коалицијата на СДСМ не остана ниту една партија која е претставник на Ромите во Македонија, а во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се Сојуз на ромите, Партија за интеграција на Ромите и Демократски сили на Ромите.
Генералниот секретар на ПЦЕР, Адриан Мемедов ги истакна причините за ваквата одлука.
- Се работи за внатрепартиски несогласувања во ПЦЕР чиј претседател е Ибраимоски. Јас како генерален секретар на партијата одговорно тврдам дека ние и членството на партијата повеќе не му веруваме на Ибраимовски кој во повеќе наврати со години наназад не има само излажано, а од тоа останавме само со празно ветување. Тој е човек кој само размислува за себе и за својот личен интерес, а не за сопартијците, но најмалку за Ромите. Во овие пресудни моменти пред изборно коалицирање, тргнува со истото политичко его полно со лаги и празни ветувања, истакна тој.
Претходно Ибраимоски посочи дека ќе чека СДСМ да го промени ставот кон неговата партија и да и додели добитно место за претставник од ромската националност.