05 Декември, 2025
0.1769

Драматичен пад на цените на становите на Балканот, конечно на ред е Македонија?

Објавено во: Македонија 06 Март, 2013 07:52

Добивај вести на Viber

До неодамна важеше тезата дека во Скопје се градат двојно помалку станови од побарувачката, па затоа и цените на станбен метар се едначеа со цените во некои европски метрополи. Денеска состојбата е сосема спротивна. Речиси сите се согласуваат дека понудата на станови е зголемена но, купувачи нема. Останува логично прашањето, зошто се уште нема позначителен пад на цената на становите? Во Македонија цените на становите нагло пораснаа во 2007 година, најмногу поради оптимизмот кој завладеа дека земјава ќе стане членка на НАТО, за последнава година да паднат и сега се со тенденција на дополнително благо опаѓање поради зголемената понуда. Последните статистички податоци кои се за 2011 година покажуваат дека цената на метар квадратен во Скопје изнесувала 958 евра за метар квадратен. Градежниците пак, упорно тврдат дека и покрај зголемената понуда на станови, нема простор за дополнително намалување на цената, најмногу поради поскапувањето на градежните материјали, но и поради тоа што градежното земјиште се уште се продава многу скапо.
 „Цената на становите засега може да остане само на истото ниво и нема да се намалува затоа што трошоците за купување парцели, за комуналии и за атрактивни локации  не се намалуваат, а се зголемуваат за градежните материјали. Нема основа да се намалат цените. Тие фирми кои ќе ги намалат цените го доведуваат во прашање и квалитетот на градбите“, изјави Ванчо Чифлиганец од „Адора инженеринг“ .
Но, државната статистика објави дека уште од четвртиот квартал лани почнале да се намалуваат трошоците во градежништвото, при што најголем пад има токму кај трошоците за градежни материјали, кои во споредба со истиот период од претходната година се намалиле за 2,7%. Има ли во моментот простор за намалување на цената на становите? Колку и да се намали цената на станбениот квадрат во изминатиот период и колку и да тврдат инвеститорите дека цените веќе го допреле дното на исплатливост, сепак аналитичарите на пазарот на недвижности тврдат дека има простор за намалување и во наредните години. Според статистичките податоци, во Македонија во просек годишно се градат 5.000 станови а, според информациите од агенциите за недвижности, во последните две години  дури 20% од становите останале непродадени. Тоа се потврдува и со тврдењата на градежниците дека во метрополата се продадени околу 80% од новоизградените станови. Според анализата на пазарот на недвижности на консултантската компанија Фортон МКА,во првиот квартал од лани почната е изградба на нови 3.200 станови што е за 8% повеќе од истиот период минатата година. Во моментот ситуацијата е таква што агентите за недвижности тврдат дека интерес кај граѓаните за купување станови постои, но мал е бројот на реализираните купопродажни договори. Тоа е така поради стравот кај граѓаните од високите рати за кредити но и неизвесноста на работното место во време на криза. Извор: Државен завод за статистика Цените на становите во регионот драстично паѓаат Просечната цена на станови во Бугарија, не сметајќи ја цената во новоградбата како и луксузните објекти, лани падна за 1,4% на годишно ниво што придонесе становите да се продаваат по цена од само 447 евра по метар квадратен. Цените на становите паднале во 23 од вкупно 28 региони, со тоа што во главниот град се уште се највисоки. Просечната цена на стан во Софија изнесува 738 евра по квадратен метар, потоа следуваат приморските градови Варна, со 732 евра по метар квадратен и Бургас, со 538 евра по метар квадратен. Во Хрватска просечната цена на четворособен стан денеска чини близу 500 евра помалку во споредба со 2006 година, кога започна станбениот бум. Во тој период просечната цена на метар квадратен во Загреб изнесуваше 2.061 евра, додека денеска,  четворособен стан може да се најде и по цена од 1.657 евра за метар квадратен. Во Србија лани цената на недвижнините се намали за 10%-15% во споредба со претходната година, особено во Белград, Нови Сад и Крагуевац, при што цената во главниот град се движи од 650 до 2.000 евра за метар квадратен, во зависност од локацијата. Поевтини станови има во Нови Сад, каде цената се движи од 650 до 1.200 евра за метар квадратен. Во Србија за годинава се најавува зголемен промет на пазарот за недвижности, поради се поголемиот број новоизградени објекти но и поради подобрените банкарски услови за купување стан. За годинава предвиден е износ од 1,7 милиони евра за субвенционирани станбени кредити што е доволно да се одобрат 2.700 кредити. Просечната цена за метар квадратен на старите станови во Љубљана во последното тримесечје од лани изнесувала 2.280 евра. Регистрирано е дека цените на становите во главниот град на Словенија во моментот се за 500 евра пониски од највисоките цени забележани во 2008 година. На државно ниво падот на цените од почетокот на кризата изнесувал повеќе од 16%. Франција со најскапи недвижнини во Европа Според британски Економист, недвижностите во Франција се меѓу најпреценетите во светот. Франција е прва во Европа според продажните цени на недвижнините, додека во светски рамки, пред неа се само Канада, Хонконг и Сингапур. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски