Драмски театар бара странски или домашни инвеститори?!
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2013
Министерството за култура најави дека нов Драмски театар ќе се гради на местото на стариот во скопски Карпош. Власта освен во земјава, свој бизнис партнер во изградбата на новиот Драмски театар ќе бара и во странство.
Според најавите објектот ќе се гради по пат на јавно–приватно партнерство. Со тоа идниот бизнисмен кој ќе учествува во изградбата ќе добие на користење над 12 илјади квадратни метри.
Зградата која ќе биде целосно застаклена и во модерен стил ќе биде висока 35 метри, а заедно со придружните објекти ќе се простира на површина од над 31 илјада квадратен метар.
Предвиден е паркинг за 204 возила, две сцени од кои едната со 354 седишта другата со 106. Главен проектант на културно-трговскиот и деловен простор е Оливер Петрески.
Во моментов се подготвува физибилити студија која се очекуваа да биде готова за 70 денови, а треба да одговори за финансиската оправданост на објектот.
Во меѓувреме Министерството за култура ќе организира дебати со бизнис заедницата граѓаните и стручната јавност и е отворено за сугестии и за совети.