26 Декември, 2024
0.0304

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА - потребни се години за поврат на производството

Објавено во: Економија 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, за разлика од пред десетина години кога изнесуваше 90.000, лозарството е во сериозен пад, а сточарството брои 140.000 грла крупен добиток иако пред речиси една деценија имаше 260 000, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. 

Тoj денеска на прес-конференција, рече дека Владата се занимава со исплаќање заостанати субвенции кои требало да бидат тековно исплатени кон сите земјоделци.

На новинарско прашање, кое е најоптимистичкото сценарио или за колку време би се вратила состојбата на македонското земјоделство како пред 10 години, Трипуновски е дециден дека за да се покажат првите резултати, мора да помине барем една производна година.

Според министерот, идната година приоритет ќе бидат стратешките култури, пченицата, јачменот, пченката, градинарството, како и сточарското и млекопроизводството.

- Од претходната неуспешна влада наследивме ситуации кои таа ги креираше. Сега ги залечуваме раните, ги враќаме состојбите во нормала. Од наредната година ќе имаме сериозни показатели дека навистина имаме зголемено земјоделско производство. Сега, практично, исплаќаме заостанати субвенции што требало да бидат тековно исплатени и тоа е една од причините зошто нашето земјоделство има сериозен пад. Затоа и повеќе увезуваме од што произведуваме, а ги имаме сите предиспозиции за квантитетно и квалитетно земјоделско производство. 

Она што изминатите шест месеци Владата и Министерството го покажаа кон земјоделците е враќање на нивната доверба кон институциите. Историската исплата што ја реализиравме кон македонските земјоделци е показател дека навистина сме посветени Македонија да ја вратиме да биде лидер во земјоделското производство. Со новите програми што ги проектираме за 2025-та и со оваа историска исплата што ја правиме годинава, праќаме сигнал дека навистина сакаме и ќе бидеме сериозен партнер на земјоделците, рече Трипуновски.

Тој напомена дека Владата со ребалансот и со пренамена на други програми, со префрлање средства на сметката на Платежната агенција, ги затвори сите заостанати обврски наследени од претходната власт.

- Имаше заостанати обврски за 2023, 2022, 2021, па дури и за 2020 година. Сега ја затвораме календарската 2023-та и имаме сериозна исплата на субвенции од тековната 2024 година. Вкупно 1 700 000 денари се за исплата за 2024 година. Ова никогаш не се случило во македонското земјоделство, покажуваме дека навистина и премиерот и Владата и Министерството со оваа финансиска инјекција за македонските земјоделци сакаме да го вратиме секторот таму каде што некогаш беше, подвлече Трипуновски.

Министерот порача дека фокус во Програмата за 2025 година ќе биде се што дозволуваат климатските услови во земјава за квалитетен производ.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата