19 Април, 2024
0.0307

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Античките лекари со вода од роза третирале многу болести, како што се, на пример, нарушувања на нервите или болести на белите дробови. Ако имале туберкулоза, тие правеле инхалација со мирис од букет рози. Кога се работело за срцето или бубрезите, тие се хранеле со екстракти од ливчиња од роза. А што е со нас денес?

Есенцијалната медицинска компонента на розата е нејзиното етерично масло, кое се добива со дестилација на пареа на свежо набрани рози. Констатирано е дека за едно шише од 5 ml потребно е да се соберат околу дури дванаесет илјади цвеќиња од рози.

За производство на розово масло се користат две сорти рози: Rosa Damascena и Rosa centifolia. Нашите соседи Бугари некогаш беа најголеми производители на роза и производители на масло од роза. Во градот Казанлака е изграден музеј во чест на розите наречен Розаријум, која ја опишува историјата на производство на розово масло.

Постојат многу лековити својства на розевото масло, едно од најсестраните базни масла. Тоа го подобрува функционирањето на ендокрините жлезди, ги отстранува склеротични промени, обновува и подмладува клетки, ја нормализира работата на гастроинтестиналниот тракт, лечи оштетена слузница, ја отстранува спазамата на крвните садови на мозокот. Го зајакнува срцевиот мускул и црниот дроб, се бори со дисбактериозум, олеснува несоница, депресија, анксиозност, претставува моќен афродизијак, регулира нередовна менструација, ги зајакнува непцата и коренот на влакната. Важно е да се напомене дека секогаш се користи во разредена форма и е контраиндицирано кај бремени жени.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган