05 Декември, 2025
0.1331

Дрисла се дава на Италијанци, ќе инвестираат 73 милиони евра

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2013 15:22

Добивај вести на Viber

Градот Скопје и италијанската компанија  „FCL Аmbiente“ заедички ќе ја модернизираат работата на најголемата македонска депонија Дрисла. Денеска беше потпишан и договорот за  вршење концесиска дејност.

„Вкупната инвестиција на FCL Аmbiente е 73 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети за запечатување на сегашната депонија и изградба на ќелиски систем на запечатената депонија согласно европските стандарди. Изградба на фабрика за селекција на отпад и изработка на RDF (Refuse Derived Fuel) фракција, кое е енергетско гориво и понатаму може да се продава на пазарот, рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Тој појасни дека постапката почнала во 2011 година, кога на објавениот тендер во првата фаза се пријавиле шест компании, во втората фаза три, а Комисијата се одлучила за „FCL Аmbiente“ кои понудиле најдобри услови .

Со договорот,  италијанската компанија се обврза да изградат фабрика за спалување на отпадот од каде потоа може да се добијат топлинска и електрична енергија. Предвидена е фабрика за балирање на отпадот, фабрика за преработка на градежниот отпад, нова пречистителна станица за отпадните води, фабрика за преработка индустриски отпад, изградба на компостара за зелен отпад. Концесијата ќе биде дадена на 35 години. Периодот на реализација на оваа инвестиција е од четири до пет години, појасни скопскиот градоначалник.

Трајановски информираше и дека во идната компанија Град Скопје ќе има учество од 20 отсто и соодветно на тоа ќе добиваат 20 отсто од профитот.

„Постројките што ќе бидат направени во Дрисла, не само што ќе бидат врз основа и почитувајќи ги сите последни директиви на ЕУ, туку ќе се носат со најмодерните веќе постоечки во Европа. Нашата мисија за Дрисла е да се трансформира депонијата во инудустриска постројка за повторно обновување на материјалите и добивање на дриги производи од нив и произвоство на електрична енергија. За таа цел имаме намера 70 отсто од ѓубрето да го искористуваме, рече Доменико Ферацоли, претседател на „FCL Аmbiente“ и додаде оти овој проект со задоволство бил прифатен и од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој.

Компанијата исто така се обврза да го задржи истиот број вработени, постоечкиот кадар, раководството и администрација во Дрисла.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино