ДРОНОВИ, ЛОВЏИИ, ПОЛИЦИЈА, СИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ПАНТЕРОТ: Цела Србија во акција по видеата од дивото животно
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2022 08:41
Потрагата по пантерот синоќа е прекината поради густа магла, но продолжува денеска. Немања Ивановиќ,
раководител на Покраинската инспекција за заштита на животната средина, потврди
за српските медиуми дека организираната потрага по пантерот во Апатинскиот атар
продолжува и денеска.
Според него, по вчерашното видео на кое се гледа големо црно животно, слично на пантер, кое го снимиле жители на Пригревица, надлежните екипи излегле на блискиот терен.
„Поминавме околу пет часа на терен обидувајќи се да го забележиме дивото животно што беше снимено. Претпријатието „Воде Војводина“ обезбеди дрон со термална камера и испитавме најмалку 150 хектари шума и атар. Придружувани сме од ловочувари од Војводина шуми кои го знаат теренот, а има и полицајци од Апатин. До вечерва не забележавме пантер, само птици и глодари“, вели Ивановиќ.
Ивановиќ вели дека примарна намера е да го заспијат предаторот, па во акцијата учествувале и ветеринари од зоолошката градина Палиќ.
„Поради магла и безбедност на учесниците синоќа беше прекината акцијата за фаќање на дивото животно, а во зависност од можното движење на пантерот и информациите каде е забележан, потрагата ќе ја продолжиме денеска“, Ивановиќ. изјави за РТС.
ФОТО: YouTubeМожеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




