16 Декември, 2025
0.3624

Дрски разбојници го ограбиле принцот на улица – му украле четврт милион долари!

Објавено во: Свет 18 Август, 2014 11:04

Добивај вести на Viber

Колоната возила која следела саудиски принц низ Париз била нападната од крадци вооружени со калашникови. Тие од принцот украле 250.000 евра во кеш, како и многу чувствителни документи, објави француската полиција. Колоната возила се движела низ северните предградија на француската метропола, од саудиската Амбасада кон аеродромот. Напаѓачите успеале да влезат во еден од автомобилите, во кој имало тројца патници. Откако ги зеле парите, ги пуштиле патниците, а автомобилот го запалиле. Во нападот немало повредени, а полицијата уште трага по извршителите за кои се сомнева дека точно ја знаеле маршрутата на колоната во која се движел саудискиот принц. Во информацијата нема повеќе детали за кој саудиски принц станува збор, но Париз е една од омилените дестинации за кралската династија на Саудиска Арабија. Принцот Алвалид бин Талал ал-Сауд има значителен имот таму, вклучувајќи го и забавниот парк Евродизни, европска копија на Дизниленд.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете