05 Декември, 2025
0.1028

Другата страна на приказната или зошто ГТЦ треба да биде во Барок!

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2013 07:38

Добивај вести на Viber

Првиот човек на ГТЦ за Фактор Аго Абазовски ја објаснува процедурата за барокното решение на фасадата. Асоцијацијата на архитекти на Македонија го извести раководството на Градскиот трговски центар за планираното сценарио за протестите во петок. Тие вчера имале средба со раководството на ГТЦ. Засега е незивесно дали овие активности од стручната фела, на кои се очекува да се приклучат и голем број граѓани, ќе ја променат одлуката за менување на изгледот на ГТЦ. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, за Фактор вели дека компанијата нема да се противи на активностиte на ААМ, а објаснува и зошто е одбрано токму тоа решение. Фактор: Како ги коментирате најавените протести на ААМ и потпишувањето на петиција против менувањето на ликот на ГТЦ? Абазовски: Ние имавме средба со претседателката на ААМ, г-ѓата Даница Павловска, на која што таа не информираше за тоа што го планираат во петок. Како компанија нема да реагираме, сепак тоа е нивни став и нивно лично право како асоцијација. Од тие причини сметам дека е непријатно да ги коментирам нивните активности. Сепак јас сум директор на компанија која е во државна сопственост, јас сум извршен орган. Фактор: Досега се поништија неколку конкурси за избор на идејно решение за надградба и фасадно обликување на ГТЦ. Толку ли беа лоши сите досегашни решенија и дали беше нужно да се избере токму фасада со барокни елементи? Абазовски: Јас не сум тој што одлучува кое решение ќе се одбере, иако бев член во комисијата за избор. Точно досега се поништуваа неколку конкурси но основано, бидејќи имаа технички недостатоци. На последниот конкурс имаше две идејни решенија, едното беше со барокни елементи т.е она кое се прифати, а дургото беше класицизам но имаше некои недостатоци. Образложението за изборот  на идејното решение, во голем дел лежи во опкружувањето. Фактор: Изборот за фасадата и надрадбата на ГТЦ предизвика бурни реакции како кај стручната јавност така и кај граѓаните. Дали постои правна рамка, или дали доколку се изнесат доволно силни аргументи зошто не треба да се менува изгледот на овој објект, може да дојде до поништување на конкурсот? Абазовски: Искрено, не знам дали воопшто е возможно тоа.... Фактор: Сега кога се избра решението што е следниот чекор? Абазовски: Следен чекор е изработка на главен проект, за што ќе се распише јавен оглас и ќе се склучи договор со тој што ќе достави најповолна понуда за изработка. Не можам точно да кажам кога ќе биде тоа. Ние како компанија ќе гледаме тоа да биде економичен проект, за што ГТЦ има планирано буџет и ќе се држиме во рамките на тие пари. Фактор: Досега во јавноста кружеа различни инфомрации за тоа како вие го замислувате ГТЦ. Каков изглед претпочитате за овој објект? Абазовски: Мене ми се допаѓа се што се гради, а мојата желба за изгледот на ГТЦ нема јавно да ја кажам...Градбата прави динамика, и тоа се вкусови на тие што градат. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите