25 Ноември, 2024
0.0301

Работодавачите во Македонија оставени на своја лична совест да издаваат дозволи за движење

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Работодавачите на своја одговорност ги издаваат дозволите за движење за време на досегашните карантини и до сега практично никој надлежен државен авторитет не водел евиденција за тоа колку и кому му ги издавале ваквите „пропусница“ за време на посебниот режим. 

Дозвола за движење за работниците во приватните претпријатија, фабриките, трговијата, услужните и другите комерцијални дејности издаваат самите управители на фирмите, а од стопанските комори велат дека тие се одобруваат на нивна лична совест и одговорност..

- Потписот и печатот е на самите работодавачи и тие понатаму одговараат кому и како ќе ја дадат дозволата. Ние како комора не водиме евиденција и немаме таква обврска. Ние само можеме технички да помогнеме и да дадеме насоки до нашите членови, велат од Сојузот на стопански комори. Сличен одговор добивме и од Стопанска комора на Македонија. 

Од Министерството за внатрешни работи не издаваат дозволи, но се надлежни за контролата на тоа дали се одобрени на соодветни лица, односно дали се злоупотребуваат од вработените и дали се евентуално фалсификувани.

- До сега има десетина пријавави по ова прашање за што се одговара кривично, а во последно време ги објавуваме во билтенот, но полицијата не е таа кај која се пријавуваат дозволите. Најистакнат е случајот кога полициски службеници затекнаа келнер со дозвола издадена во време кога на угостителските објекти им беше забрането да работат. Одговорноста во случајот ја сноси управителот. Полицијата не може да ги евидентира сите вакви случаи, но кога е сомнително и очигледно, секогаш постапува. Злоупотреби секако има и кога наместо на работа, се оди на гости кај блиски, вели Тони Ангеловски, гласноговорникот на МВР.

Последниот случај за кој информираше полицијата беше со сопрен вработен со дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна работа. Вчера пак МВР извести дека двајца возачи на граничниот премин Деве Баир од Кочани и Василево доставиле фалсификувани дозволи, кои им биле одземени и не им бил дозволен влез во земјата откако се враќале со товарни возила од средно и високоризични земји. Билјана Муратовска од здружението МАКАМ-ТРАНС вели дека секогаш постои опасност дозволите да бидат фалсификувани.

- Немаме можност да ги проверуваме евентуалните злоупотреби, но тука сме секогаш да помогнеме за превозниците и дистрибутерите. Кога Државниот санитарен и здравствен инспекторат виде дека не може да постигне, ние бевме тука за да ги изработиме обрасците. На последниот состанок беше констатирано дека се издадени помеѓу 12 и 13 илјади вакви дозволи, но треба да се каже дека тие се посебни, затоа што важат и за влез во државата, изјави Муратовска од асоцијацијата на превозници.

Се чини дека систематска евиденција до сега водело само Министерството за информатичко општество и администрација, но не за дозволите од приватните фирми, туку само за оние од нивна надлежност. Од воведувањето на посебниот режим на движење до сега од страна на министерството се одобрени 56.190 решенија, информираат од таму за „Фактор“.

- Постојат три видови на дозволи кои МИОА ги издава, тоа се трајни, времени и еднодневни. Каква дозвола ќе биде издадена зависи од лицето кое поднесува барање, дали е физичко лице за нега на трето лице, дали е медиум или пекара/бурегџилница или погребално претрпијатие. На пример, медиумските лица имаат трајни дозволи, а за нега на трето лице се даваат времени дозволи со конкретен датум, врзан со времето кога е полицискиот час, појаснуваат од МИОА.

Дозволи одобруваат уште и општините за работниците од своите комунални служби и јавни претпријатија. Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РСМ информираат дека имало почетна иницијатива за збирен преглед, но дека секоја општина сега поединечно работи децентрализирано.

- На почетокот Министерството за информатичко општество и администрација побара тоа да оди преку нас, но на средина од процесот беше решено да не се контролираат општините од едно место. Ние имавме и евиденција за секоја дозвола до тогаш, но поради тоа што се работи за лични податоци, сега се избришани и не го знаеме дотогашниот број, тврдат од ЗЕЛС.

Комисијата за заразни болести засега останува на ставот за предлог мерки за спречување на заразата со Ковид 19 со полициски час во жариштата од 22 до 5 часот, но Владата засега не е заинтересирана тоа да го уважи. 

Александар Кузмановски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти