18 Декември, 2025
0.0563

Државата ја чинеле милиони отпуштените во пандемијата

Објавено во: Економија 27 Мај, 2021 07:54

Добивај вести на Viber

Државата морала со 76 милиони денари дополнително да ја субвенционира Агенцијата за вработување лани, за да ги исплати надоместоците зо социјалното осигурување во случај на невработеност. Во 2020 поради големиот број на отпуштања минатата година и оваа државна институција, како и Фондот за пензиско осигурување, била зависна од буџетот. Податоците се од тукуштообјавениот годишен извештај на Агенцијата за вработување.

Претходната година, во 2019, државата речиси и да немало потреба да интервенира во социјалните придонеси, односно во исплатата на надоместоците во случај кога работникот останува без работа. Тие биле добро избалансирани со наплатата од претпријатијата и самовработените, па тогаш биле исплатени само неколку милиони денари од националниот буџет. Во 2018 пак воопшто немало потреба да се уплаќаат средства од државата.

Ваквата интервенција се должи на економската криза која зафати одреден број на дејности поради пандемијата, поради што Агенцијата за вработување морала да побара дополнителни приходи, иако придонесите од платите на вработените лица се зголемиле на 2,58 милијарди денари кај претпријатијата и на 25,4 милиони денари кај самовработените физички лица. На годишно ниво, зголемувањето е 5,2, односно 3,2 проценти на наплатата.

Паричниот надомест, кој законски може да се исплаќа до 12 месеци, најмногу се зголемил кај оние работници кои биле ангажирани на определено работно време и сезонски, а нивниот број лани се зголемил од 7.419 на 13.619.

И покрај ваквите подобрени резултати, државата морала да реагира со дополнително финансирање. Инаку стапката на приходот од придонесот за вработување изнесува 1,2 отсто.

За невработените биле исплатени нешто повеќе од три милијарди денари минатата година, што е зголемување за 210 милиони денари, или за 7,5 проценти. Ова најмногу се должи поради зголемиот број на отпуштени лица чиј работен договор завршил за време на кризата.

Според тоа, паричниот надоместок кај редовните корисници се зголемил од 265 на 427 милиони денари, а придонесот што Агенцијата требало да им го плати за здравственото осигурување се зголемил од 26 на безмалку 43 милиони денари.

Од програмите за вработување, лани биле исплатени 112 милиони денари повеќе, односно 419 милиони, додека за младинскиот додаток како нов проект биле потрошени 117 милиони денари. За самовработување пак биле потрошени 390, односно 90 милиони денари помалку.

Минатата година во март имаше 107.732 невработени лица, а нивниот број на 31 декември достигна до 156.432. Годинава април завршил со 144.390 невработени.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа