Државата му исплати 140 милиони денари на АД НЕР, продолжува гасификацијата
Објавено во: Економија 20 Мај, 2021 07:50
Државата повторно вложи во државната
компанија Национални енергетски ресури (НЕР), овој пат 2,27 милиони евра преку
деветтата емисија на акции како единствен акционер во фирмата која го
стопанисува националниот гасовод. На претходната емисија пред три месеци беа
купени акции за 162.000 евра преку осмата емисија.
„Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси во државна сопственост изврши зголемување на основната главнина со издавање на 22.692 обични акции по пат на приватна понуда осма емисија“, соопшти компанијата.
Министерството за економија, согласно предвидено зголемување на средствата во Буџетот во делот на гасификацијата, односно за реализација на капитални инвестиции, на крајот на април исплати 140 милиони денари кон АД НЕР. Ова е најголемата трансакција за АД НЕР во последните две години, со што се очекува да се забрза и динамиката на гасификацијата на земјата.
„Во Буџетот на Министерството за економија за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 140 милиони денари, средства кои што АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда“, потенцираше министерот Крешник Бектеши при претставувањето на буџетот за 2021.
МЕР ги добива парите од државниот буџет оти практично нема свои приходи. Фирмата е одговорна за изградбата на гасоводот и ако не земе пари од државата ќе треба да се задолжи со кредит или да позајми од други државни институции.
Нема информации за што точно се овие пари. Инаку НЕР досега го изгради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце до Штип кој всушност беше компензиран со руски фирми за стар клириншки долг, но по таа траса се уште нема гас и покрај тоа што поминаа години по изградбата. Од магистралниот гасовод се работи на краците кон Неготино и Битола. Проектот за гасификација се финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк. За проектите кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки.
Интерконекторот од Неготино до Гевгелија има студија за животна средина, јавни расправи се водат во општините, па потоа ќе се усвои студијата. Се очекува во втора половина во 2021 целата документација за да почне градбата. Кичево - Охрид и Охрид - Битола ќе се проектираат следната година,според најавите на Бајрам Реџепи, директорот на националното претпријатие кое го гради гасоводот.
Инаку трасата Скопје-Тетово-Гостивар од 86 километри заклучно со септември е реализирана 66 отсто и се очекува да биде завршен до втората половина годинава заедно со мерните станици и краковите кон градовите. Од Клечовце до Неготино е завршена работата, додека Неготино - Прилеп - Битола е до 92 проценти, според последното што реферираше премиерот Зоран Заев.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





