26 Ноември, 2024
0.0261

Кој добил субвенции, а не исполнил обврски: Државата наплатила пенали од две странски компании во зоните

Објавено во: Економија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони два пати наплатила пенали од странски компании кои не исполниле некои од условите во договорите за државна помош. Оттаму за Фактор потврдуваат дека пеналите веќе се наплатени, а станува збор за два договори за кои сепак не се открива со кои биле склучени. Фактор ги бараше податоците, но во одговорот стои само известувањето дека до сега е реализирана наплата за пенал само во овие два договори. Државната помош за компаниите во зоните е впрочем десетгодишно даночно ослободување од плаќање на данокот на добивка и корпоративен данок и сто отсто намалување на персоналниот данок на доход за период од 10 години.  Инвеститорите се ослободени од плаќање данок на додадена вредност за увоз и промет на стоки во слободните зони. Дополнително, инвеститорите се ослободени од плаќање на царински давачки за опрема, машини и резервни делови, за што свои обврски имаат и компаниите. Сепак две сега плаќаат пенали.

Инаку од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за Фактор велат дека во моментов вршат исплата и контрола на државна помош на основ на 24 активни договори за доделување на државна помош на компании во зоните со кои управува Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, склучени во име на Владата, вклучувајќи и договори за финансиска поддршка на инвестиции.

Тврдат дека за сите склучени договори реализирани се постапки на одобрување на планираната државна помош, од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата како надзорно тело, и постапки на давање на согласност од страна на Владата. Од сите овие компании само една е македонска, односно Хај тек, додека сите останати се со странски капитал.

„На основ на овие договори за доделување на државна помош пријавени се над 300 милиони евра оправдани инвестициски трошоци. Во 36 компании во технолошките индустриски развојни зони, односно 37 компании во зоните со кои управува Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, од кои 31 се корисници на ТИРЗ, вработени се повеќе од 13.200 лица, велат од ТИРЗ.

Инаку и покрај тоа што ветија, а тоа и беше еден од главните адути за напад на претходната Влада, актуелните владини претставници не објавија транспарентно ниту еден од договорите за доделување на државна помош со странските инвститори на кои ставија свој потпис. Фактор подолго време се обидува да ги добие сите договори од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони потпишани од 2017 досега, но тој обид остана неуспешен. Дури и известувањата за државната помош од Комисијата за заштита на конкуренција се со XXX, непознатата која ги карактеризираше сите договори кои ги склучи и Владата на Никола Груевски. Зошто ова останува практика, но и зошто и покрај тоа што согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите договорите се уште се склучуваат како индивидуална помош, а не по овој закон како шема на помош кој се применува за сите други домашни и странски инвеститори, не добивме одговор.

„Решенијата од Комисијата за заштита на конкуренцијата содржат елементи кои се содржани во договорите за доделување на државна помош. Решенијата се објавени со елементите за кои компаниите сметаат дека не се деловна тајна согласно регулативата за заштита на конкуренцијата. Договорите не содржат назнака ДОВЕРЛИВО за класифицирани информации“, ни изјавија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

За сагата на странските инвестиции овде.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво