24 Ноември, 2024
0.1207

Државата продолжува да купува нафтени резерви, се зголемуваат и трошоците за нивно чување

Објавено во: Економија 26 Април, 2021

Добивај вести на Viber

До крајот на 2022 државата ќе треба да ги зголеми резервните капацитети за уште 20 килотони моторен бензин, 60 килотони дизел и помеѓу осум и девет килотони мазут. согласно директивите на Европската унија за нафтени резерви.

Ова го покажува направената проекција на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви во својата годишна програма согласно потрошувачката и увозот на гориво во земјата. На 31 декември 2022 државата како сопствени резерви треба да има ниво од 251.200 тони. Резервите треба да бидат на ниво од 90 дена од дневните нето-увози во земјата, односно количината да биде за 60 дена од просечната дневна потрошувачка во земјата.

На крајот од 2020 државата имала 30,5 килотони моторен бензин, а до крајот на 2022 треба да изнесува 50,2 килотони, дизелот бил 98,2 а треба да биде 158,3 килотони, додека мазутот да се зголеми од 24,1 на 32,7 килотони.

Со порастот на нафтените резерви, се зголемуваат и трошоците на државата за нивното чување од страна на приватните складиштари. Во финансискиот план на агенцијата за 2021 предвидени се 400 милиони денари за четирите приватни оператори кои ја имаат потребната лиценца за тоа. За минатата година предвидениот трошок беше 310 милиони денари кои требаше да ги поделат трговските друштва.

Со владина уредба од 2019, на приватните складиштари им се плаќа по 2,5 евра за секој искористен метар кубен. Агенцијата за задолжителни нафтени резерви самата апелира до државата поревносно да ги подмирува обврските кон складиштарите.

„Имајќи ги предвид тековните финансиски обврски на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, а особено високите износи за трошоците за складирање на задолжителни резерви, евидентно е дека доколку обврските останат неизмирени за период од три месеци ќе предизвикаат штетни последици по буџетот на институцијата во смисла на непотребна исплата на камати“, се вели во годишната програма на агенцијата.

Нафтените резерви се чуваат дисперзирано кај изнајмени складишни капацитети кај приватни трговски друштва. Готовите нафтени производи се состојат од еуросупер, еуродизел, домаќинска нафта и мазут.  Купувањето на нафтените производи главно се финансира од надоместокот за нафтени резерви кој се наплаќа од трговците..

Годишната програма на агенцијата е важечка во моментов, но согласно новиот закон, истата треба да биде усогласена со Акцискиот план кој сеуште  не е донесен и истиот е во владина процедура. Со донесување на Акцискиот план , УО ќе изврши усогласување на сегашната Годишна програма со Акцискиот план и одлуката за пропишување на количината и структурата за задолжителните резерви за тековната година  од страна на Владата ,и евентуални нејзини измени доколку е потребно.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“