06 Декември, 2025
0.0383

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – ВО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И ОШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Објавено во: Мои пари 25 Август, 2025 11:06

Добивај вести на Viber

Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување. 

Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Северна Македонија, да инвестира во поддршка на општеството и неговиот развој. Компанијата на којашто еден од столбовите на стратегијата е директната инвестиција во општеството, дополнително создава можност за граѓаните над 18-годишна возраст преку учество во игрите на среќа да се вклучат во тој голем круг на заемна поддршка. Кога еден учествува во игрите на среќа на Државна лотарија, сите добиваат: во континуитет, од секоја поединечна уплата се одвојува процент во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Во последната година, низ интензитетот на своето присуство како поддржувач на манифестации и иницијативи во културата, спортот, науката, образованието и проекти од јавен интерес со цел збогатување на квалитетот на содржините на заедницата и нејзино зајакнување, компанијата се истакнува како препознаен и активен член на општеството.

Кога зборуваме за поддршка на настани на полето на културата, присуството на брендот на Државна лотарија потврдува дека компанијата се залага за градење вредности, за проширување на видикот и за негување на традицијата. Исто така, се залага и за збогатување на содржините во заедниците, за што се доказ и многубројните настани во последната година − празнично обележана со настаните „Зимска бајка“, коишто преку театарска претстава и настап на македонски поп-пејачи во скопските општини внесоа празничен новогодишен дух. 


Препознавање на потребата од збогатување на нашата културна сцена се огледа низ поддршката на големи културни манифестации меѓу коишто: фестивалот „Видик“ спој на литература, музика, театар, дизајн и филм, со хуманитарен карактер; манифестацијата „Ѓура Мара“ − симбол на локалниот идентитет и носител на културниот континуитет; најпопуларната забавна музичка манифестација „Златна бубамара“ на популарноста; гала концертот на Вејчеслав Поповски – македонски академски оперски пејач и мајстор за изработка на гудачки инструменти. 

Под логото на Државна лотарија, на македонските сцени уживавме во изведбите на: еден од најголемите тенори на денешницата − Пласидо Доминго (Placido Domingo); на легендарните Масив Атак (Massive Attack) и Армин ван Бјурен (Armin Van Buuren) – имиња што инспирираат генерации; на светската поп-ѕвезда Џејсон Деруло (Jason Derulo), а сведоци бевме и на долгоочекуваниот концерт на култниот австралиски музичар Ник Кејв (Nicholas Edward Cave). 

Државна лотарија се гордее што во милјето настани од културата поддржани само во последната година се концерти од светски размери, но и домашни манифестации и настапи на македонски уметници и културно-уметнички друштва. 

Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествена одговорност, компанијата ја потврдува својата улога на промотор на етичко работење со фокус на инвестирање во заедничкото добро, активен член на општеството и партнер на општествениот развој. Компанија што преку одговорно приредување игри на среќа ја реализира својата мисија посветена на благосостојбата на заедницата во којашто, кога еден учествува во игри на среќа на Државна лотарија, сите добиваат.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј