ДРЖАВНИ ПАТИШТА БЕЗ ОГЛАС КУПУВА СТРУЈА ОД ЕДС: Големи пари за итна постапка
Објавено во: Економија 20 Август, 2021 08:37
Јавното претпријатие за државни патишта купува струја од компанијата Енерџи деливери Солушнс (ЕДС) во итна набавка без објавен оглас. Вкупната цена на договорот е 613.515 евра со ДДВ (41,3 милилиони денари), а во договорот нема детали за причините за итноста, па и донесената одлука поради тоа, да не се објавува оглас туку струјата да се купи со преговарање со ЕДС, компанијата чиј поранешен сопственик е екс вицепремиерот Кочо Анѓушев. За оваа набавка, сепак позитивно се изјаснило и Бирото за јавни набавки.
Од Бирото кон Агенцијата за државни патишта пратиле известување дека врз основа на нивното барање и образложенијата па и доказите кои ги доставиле им се одобрува да ја купат струјата итно без да објават оглас.
Инаку овој договор кој е потпишан на 30 јули а беше објавен завчера е за времетраење од пет месеци.
Во јули годинава Државниот завод за ревизија соопшти дека само од 1 март до 1 октомври лани дури 88 проценти од реализираните јавни набавки се спроведени со користење на постапката со преговарање без објавување на оглас.
„Во отсуство на прецизно дефинирање на критериуми за 'итноста' на набавките и видот на стоки, услуги и работи кои можат да се набавуваат во време на вонредна/кризна состојба не може да се потврди во целост оправданоста на итноста на дел од постапките. Воспоставениот начин на спроведување на постапките со преговарање без објавување на оглас не овозможува еднаков третман и конкуренција помеѓу економските оператори. Имено, за дел од постапките за јавни набавки спроведени се преговарања со еден економски оператор, изјавија ревизорите.
Утврдиле дека, дополнително, договорните органи спроведувале јавни набавки од крајна итност и во период кога можело да биде спроведена редовна постапка за јавна набавка. Преку извршената анализа на спроведените постапки за периодот од 01.10.2020 година до 28.02.2021 година е утврдено дека по основ на спроведени јавни набавки поради итност, доделени се договори во износ од 88 милиони денари. Во тој период биле склучени договори за јавни набавка во износ од 416,6 милиони денари. Предмет на ревизија се склучени договори за јавни набавка во износ од 335,4 милиони денари што претставува 80,5 процентиод вкупно доделените договори за јавна набавка во периодот кој е предмет на ревизија.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




