15 Јануари, 2025
0.0330

Државниот регулатор ја тужел АД Пошта и нејзините директори за доцнење на пратките

Објавено во: Економија 10 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Државниот регулатор Агенција за пошти пред надлежен Кривичен суд водел постапка против АД Пошта и раководителите поради ненавремено доставување на пратките. По претходен надзор, регулаторот утврдил дека давателот на универзалната поштенска услуга во земјата не си ја вршел работата како што треба.

Тужби како одговорни лица добиле и тогашниот директор Васко Стефанов, кој во меѓувреме во текот на минатата година во април беше „награден“ со нова функција како прв човек на АД ЕСМ, како и директорот на Центарот за поштенски комуникации Елез Елези. Сепак, Агенција за пошти во својот објавен извештај за годишното работење во 2023 вели дека оваа иницијатива завршила без успех, конкретно мислејќи на постапките за порамнување.

На 21 септември 2023 била поведена постапка пред Кривичен суд за два продолжени прекршоци на АД Пошта и по еден за Стефанов и Елези за „необезбедување на универзална услуга постојано и секој ден во период од септември 2022 до 18 ноември 2022 и за не вршење на достава на адреса на примачите во континуитет“. 

Агенцијата повела прекршочни постапки во текот на минатата година пред судот и против Ваша Пошта, ПМ Постман Анд Логистикс, Б-Пост и Мик-Мик, како и за нивните управители, но иницијативите против овие поштенски оператори биле по други основи, а не за доцнење на пратките.

Инаку Агенцијата за пошти констатира дека АД Пошта бележи тренд на зголемување на обемот на испорачани пакети, но затоа намален е бројот на доставени препорачани писма. На сметка на давателот на универзалната поштенска услуга, помалите оператори го зголемуваат своето учество.се повеќе во поштенските услуги.

Изминатиот период имаше голем број на јавни поплаки од граѓани дека пратките не им пристигнуваат или им пристигнуваат со задоцнување од неколку месеци. Со години се жалат за проблемите со доцнењето на писмата со месеци, за недостатокот на поштари, а тука се уште и финансиските загуби и доцнењето во исплатата на платите на вработените. Во меѓувреме, иако Владата направи физибилити студија и расправаше за приватизацијата на Македонски пошти, властите немаат конкретно решение. 

Од Васко Стефанов па до сега беа променети повеќе директори. И додека властите вршат анализи за функционирањето на поштата, граѓаните се жалат дека освен што своите пратки ги чекаат со месеци, доцнат и официјалните писма.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата