Државно претпријатие оствари поголема добивка и од најголемите македонски банки
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023 15:51
Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од годинава ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година остварило добивка од приближно 3,5 милијарди денари, или неверојатни 56 милиони евра, остварени за 2022.
Ова го покажува извештајот за последниот квартал од работењето на државното претпријатие, каде што наедно е прикажана остварената добивка и за целата измината година. Друштвото кое остварува приходи генерално од патарини, акцизи на гориво и провизии од регистрации, најголемиот дел од трошоците го насочува за враќање на ратите и каматите од кредитите од меѓународните кредитни институции кои ја финансираат изградбата на македонските патишта.
Инаку ЈПДП со своите приходи и евентуална добивка не ја покрива работата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, чии првично проценети трошоци ќе изнесуваат 1,3 милијарди евра, туку парите ќе бидат директно обезбедувани од националниот буџет.
Добивката на „Државни патишта“ за 2022 е поголема за 234 отсто во споредба со една година претходно. Во 2021 таа изнесувала околу 24 милиони евра. За 2020 пак претпријатието оствари огромна добивка од околу 76 милиони евра.
Во последниот извештај кој штотуку го објави „Државни патишта“ пишува дека обврските, односно задолжувањето, за една година е зголемено за 6 отсто и изнесувало над 880 милиони евра.
Според објавеното, од сите претпријатија, излегува дека единствено странскиот инвеститор од Бунарџик, „Џонсон Мети“ (72,7 милиони евра), остварил поголема добивка од ЈПДП за 2022. Во добивките, далеку зад „Државни патишта“ се дури и најголемите македонски банки.
Претходно, беше објавено дека три милијарди денари или 53,2 милиони евра се наплатени лани на македонските патарини, што е за 6,6 милиони евра повеќе од 2021 година, информираа од јавното претпријатие.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




