Државното претпријатие за изградба на станови влезе во загуба
Објавено во: Економија 23 Септември, 2025 08:39
Во направените измени на финансискиот план на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за 2025, објавена е загуба во работењето на претпријатиетo од минус 1,5 милиони евра за минатата година по долго време стабилно работење.
И покрај тоа, трошоците за бруто плати ќе се згoлемат за 17,45 отсто и ќе изнесуваат 32,53 прценти во структурата на расходи. Овие трошоци ќе се зголемат од 3,85 на 4,55 милиони евра за 300 вработени.
- Ставката бруто плати за 2025 има зголемување од причина што се планираат 30 ново вработени во 2025. Исто така во последниот квартал од 2024 имаме 8 нововрабтени, велат од пранешно ПУИК, од каде додаваат дека значителен број на вработени заминале во пензија лани.
Државата, преку јавното претпријатие за станбен и деловен простор, најавува засилени инвестиции во изградба на комерцијални станбени згради, со цел да се намали цената на станбениот квадрат, но останува да се види колку тоа е остварливо.
Од друштвото во државна сопственост велат дека резултатот за оваа година многу ќе зависи од работењето на стручната служба во АДССДП. Се планира продажба на станбен и комерцијален простор во Скопје, Битола, Прилеп и Охрид
Во ревидираниот план е наведено дека за оваа година ќе се остварат 10,2 милиони евра приходи од продажба на станови и деловен простор во градба и 4,5 милиони евра од продажби на недвижнини на залиха. Во 2025 инвестициските трошоци за изградба на нови згради би биле само 10 милиони евра, односно остануваат непроменети како и претходно.
Во моментов во фаза на градба е комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „старата воена пекарница“ на Јужен булевар во Скопје. Објектот има 112 станбени единици и тие се веќе продадени. Овие станови на првото јавно наддавање одржано на почетокот од 2024 година достигнаа цена од околу 1.600 евра за квадрат, а почетната цена беше 1.450 евра. На второто наддавање, одржано во јули, цената стигна и до 1.916 евра. И оваа цена е сѐ уште значително пониска од онаа на становите чии инвеститори се приватни фирми, а се наоѓаат во близината на оваа локација, кои достигнуваат и по 3.000 евра за квадрат. Изминатата зима АДСДП огласи 65 стана од комерцијалната зграда во Битола кај старата касарна по пoчетна цена на наддавање од 1.000 евра. Оваа зграда допрва треба да се гради.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




