27 Јуни, 2024
0.0300

Државата е задоволна од изградбата и продажбата на станови, се најавуваат нови инвестиции!

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во интервју за Фактор Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во РМ, вели дека новите правила кои се однесуваат на изградба на енергетски ефикасни објекти, нема да ги зголемат цените на становите во земјава, со оглед дека тие сега граделе по соодветни стандарди. Од друга страна, Грозданов посочува дека како Акционерско Друштво, тие на пазарот претставуваат сидро на цените од приватниот сектор како тие не би оделе драстично нагоре. Поточно заработувачката на приватната градба успеваат да ја држат на разумен процент. Скопје, Битола, Куманово, во моментов се најатрактивни локации за градење станови. Во однос на севкупниот градежен сектор, Грозданов посочува дека луѓето кои се занимаваат со планирање во општинските администрации треба малку повеќе да внимаваат на повеќе факти, како што е тоа дали општината е инфраструктурно подготвена да ја поднесе оваа динамика на градба. Но, исто така треба да внимава и на прашањата за тоа каков вид на градба има потреба една општина. Фактор: Колку станбени објекти (комерцијални) во моментов градите низ Македонија? Грозданов: Во моментов ние како Акционерско друштво сме во фаза на изградба на 9 згради во реонски центар Аеродром како и уште 1 зграда во центарот на Скопје (т.н локација Радио Бран). Освен ова, сакам да напоменам дека во наскоро треба да започнеме со изградба на еден нов комплекс кој ќе се состои од 5 згради, исто така во општина Аеродром. Комлексот е на локација 3.1 индустриска зона. Што се однесува до завршените градби, Акционерското друштво веќе има изградено комерцијални згради во повеке општини, како што се Аеродром, Струмица, Охрид, Битола. Односно, секаде каде испитувањата на пазарот ќе покажат дека има интерес за комерцијална градба, ние сме подготвени да отпочнеме со изградба на нови комерцијални згради. Фактор: Каде има најголем интерес од граѓаните за изградба на станбени објекти? Грозданов: Во објектите каде во моментов се вршат градежните активности, градат вкупниот стамбен капацитет е 501 стамбена единица, односно станови. Податоците со кои ние располагаме, како и истражувањата на пазарот, покажуваат дека засега најголем интерес за комерцијална градба има во Скопје и Битола. Но, најновите анализи на овој пазар укажуваат дека се јавува зголемен интерес за изградба на станови и во Куманово. Фактор: Зошто со изградбата на становите од страна на државата, сепак како да не се успеа да се влијае на намалување на цените за квадратен метар? Грозданов: Бројот на изградени станови кои се комерцијална намена во последните две години изнесува 830 станови, и со задоволство можам да констатирам дека повеќе од 90% веќе се продадени. Со ова сакам да посочам дека, Акционерското друштво со кое раководам, спроведувајки ја политиката на Владата за домување, ја искажува својата цврста определба за овозможување на достапност до становите кои ги градиме како и обезбедување на квалитетен стамбен фонд за потребите на граѓаните. Исто така сакам да истакнам дека сето ова се прави со крајна стратешка цел, а тоа е балансирање на пазарната цена за станбениот простор. Тоа преку практичен пример би изгледало вака: за ново изграден комерцијален стан во Битола почетната цена е од 499€ по м2, во Струмица 570€ по м2, во Охрид 700€ по м2, Скопје -  Аеродром и Лисиче 795€ по м2 и т.н. Со овие цени, ние на пазарот претставуваме сидро на цените од приватниот сектор како тие не би оделе драстично нагоре. Поточно заработувачката или маржата на приватната градба ја држиме на разумен процент. Фактор: Како го оценувате градежниот пазарот во Македонија, од аспект на тоа дали се внимава дали се внимава каде и што се гради?  Грозданов: Сметам дека лугето кои се занимаваат со планирање во општинските администрации треба малку повеќе да обрнуваат внимание на повеќе факти, како што е тоа дали општината е инфраструктурно подготвена да ја поднесе оваа динамика на градба. Но, исто така оптинската администрација трева да внимава и на прашањата за тоа каков вид на градба има потреба. Ќе ја посочам за пример Словенија.  Таму во нејзниот главен град, Љубљана - не секој може да биде жител или да купи стан. Бројот на жители во последните децении скоро е идентичен.  Таков е примерот со повеќе туристички градови. Фактор: Со измените на Законот за енергетика, и донесувањето на новите правилници, сите нови објекти што ќе се градат ќе мора да имаат енергетски пасоши. Дали, енергетските пасоши ќе ја зголемат цената на становите ? Грозданов: Што се однесува на законот каде се предвидува енергетска ефикасност, слободно можам да кажам дека кај објектите каде како инвеститор се наоѓа Акционерскот друштво скоро во целост се имплементираат тие стандарди за заштеда на енергија и квалитетна градба. Така што слободно можам да кажам дека тие нови правила воопшто нема да влијаат врз цените на становите што ги градиме. Фактор: Освен изградба на комерцијални станови, каков друг тип на станбени објекти во моментов градите? Зошто Скопје, особено централното градско подрачје и натаму е најатрактивно за градежниот сектор, за изградба на станови. Што е со останатите градови, каде цените и за изградба и за купување на станови се пониски? Грозданов: Во секој град и секоја метропола, Централното подрачје е секогаш најатрактивно за градежни активности. Тргнувајќи од фактот дека секогаш ќе бидете во можност без да запалите автомобил да пазарите,  да излезете и веднаш да бидете во центарот на збиднувањата – тоа се некои вид предности од кои се тргнува. Големите градови како Скопје веќе се гледааат како административни центри, каде се реализира целиот бизнис во државата.  Сепак за живеење, денес во светот се повеќе е атрактивно да живеете на периферија, но да имате индивидуално станбено живеење каде ќе имате поголем комфор и тишина. Фактор: Освен изградба на комерцијални станови, каков друг тип на станбени објекти во моментов градите? Грозданов:  За оваа година планирано е да отпочнеме со изградба на 540 станови што ќе бидат наменети за лица со социјален ризик и други ранливи категории. За таа намена годинава веќе започнавме со градба на станови за социјално ранливите категории во Прилеп, а во наредниот период ке се отпочне со градби и во Демир Хисар, Ресен, но и во Скопје во општина Бутел. Исто така ваков вид на станови ќе се градат и во Кочани како и Гостивар. Покрај овие станови предвидени со програма на Владата, дополнително ќе се обезбедат и 100 станови за деца без родители.  Вкупно досега сме изградиле 559 станови за социјално загрозени лица по проектот ФП 1674 кој е финансиран од Владата на РМ и кофинансиран од Банката за развој при советот на Европа. Нашите предвидувања се дека за наредните 2 до три години ќе изградиме уште 520 станови за социјално ранливите категории. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

НЕ САКАЛ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: уапсен бегалец од Идризово

НЕ САКАЛ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: уапсен бегалец од Идризово

ОВАКВА КАТАСТРОФА НЕ ПАМТИ ЗДРАВСТВОТО, ЕТЕ ТОА ОСТАВИВТЕ ВО НАСЛЕДСТВО: Д-р Лазаров за хаваријата предизвикана од дождовите во ГОБ 8 Септември

ОВАКВА КАТАСТРОФА НЕ ПАМТИ ЗДРАВСТВОТО, ЕТЕ ТОА ОСТАВИВТЕ ВО НАСЛЕДСТВО: Д-р Лазаров за хаваријата предизвикана од дождовите во ГОБ 8 Септември