19 Декември, 2025
0.0387

Државата ќе има предност при откуп на злато! Се зголемуваат девизните резерви од благородниот метал?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2013 09:35

Добивај вести на Viber

Измените на законот за минерални суровини, наговестуваат дека Македонија ќе ги зголемува девизните резерви на злато. Според сознанијата на Фактор, измените на законот за минерални суровини, во делот дека државата ќе има приоритет во откупот на златото од домашните рудници, биле на иницијатива на Народната банка. Но, државата ќе го откупува златото по берзански цени, а не по цени пониски од оние на берзата, појасни министерот за економија Ваљон Срачини.

“Во случај концесионерот да има понуда од друга компанија со цена повисока од берзанската, тогаш може да и го продаде златото на таа компанија Не се бара ништо што е надвор од бизнис логиката. Она што е напишано во законот е дека  во услови кога државата ќе побара да го откупи златото тогаш таа да имапредност но при еднакви цени, изјави министерот за економија Ваљон Срачини.

Објаснувањето на Сарачини стигна откако пред два дена менаџментот на Бучим реагираше дека државата со измените на законот им наложува да и продаваат руда, но по цена која е пониска од онаа на берзите.

Земјава откупувала злато од Бучим и до 2005 година. Но, по оваа година е запрена таа пракса ,а количините на злато во девизните резерви на Народната Банка се 6,8 тони и се непроменети.

Но, освен за освен за цената од Бучим реагираа и дека нејасно е во каква форма ќе го продаваат залтото на државата, бидејќи според менаџмеетото на Бучимдел од измените на законот се спроведливи само на хартија не и на терен. Проблемот е бидејќи се предлага златото да и биде ставено на располагање на НБМ како готов производ, но тоа е тешко изводливо бидејќи ниту еден од преработувачите на руди во земјава нема можност за финална доработка.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар