05 Декември, 2025
0.0288

Државата ќе претвори 13 милиони евра долг во влог во прилепскиот Тутунски комбинат

Објавено во: Анализа, Економија 15 Октомври, 2014 08:22

Добивај вести на Viber

Станува збор за долг што настанал од неплатени јавни давачки на компанијата кон државата. Долгот од 13,27 милиони евра се претвора во 259.622 акции што ќе ги добие државата наместо пари за долгот. Државата ќе конвертира 13,27 милиони евра даночни побарувања во влог во прилепскиот Тутунски комбинат, објави денеска комбинатот од Прилеп. Во соопштението за издавање хартии од вредност е наведено дека основната главница на компанијата ќе се зголеми за 259.622 обични акции со номинална вредност од 51,13 евра за акција. Со оваа финансиска операција државата ќе конвретира 13,27 милиони евра што тутунската компанија и ги должи за даноци, а Владата, како претставник на државата, ќе го зголеми своето учество во компанијата за 10,6 отсто во однос на досегашниот број на акции со право на глас. Прилепскиот Тутунски комбинат има 2.441.408 акции со право на глас. Според актуелната сопственичка структура, објавена во регистарот на Централниот депозитар за хартии од вредност, Владата поседува 80,82 отсто од акциите со право на глас, а државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување поседува 7,42 отсто од акциите со право на глас. Со новите акции, со кои се трасформира даночниот долг во влог, оваа компанија ќе има 2.701.030 обични акции. Со новата приватна понуда на нови акции државата ќе стане сопственик на 2.232.768 акции со право на глас. Тоа е 82,66 отсто од сите акции со право на глас во прилепската компанија. Учеството на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување ќе се намали, по новата емисија на акција, и ќе изнесува 6,7 отсто. Прилепскиот Тутунски комбинат е компанија чија акција е котирана на Официјалниот пазар на Македонската берза за акции од вредност. Таа компанија во континуитет (лани и првата половина на годинава) има негативни финансиски резултати. Лани, според податоците објавени во јавната понуда, 2013 година оваа компанија минатата година ја завршила со загуба од 102,74 милиони денари (1,67 милиони евра). За првите шест месеци годинава таа голема компанија повторно книжи загуба од 33,3 милиони денари (540.000 евра). Главна дејност на прилепската компанијата е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија и други апликации, а исто така во нејзина сопственост е и хотел во Охрид. Производниот асортиман на компанијата нуди производи со бренд имиња вклучувајќи ги : VIP, BRAND, 19, RONDO, EVROPA, FILTER ORIENTAL и MACEDONIA. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени