25 Април, 2024
0.0837

Државната помош за странските инвеститори деловна тајна ?!

Објавено во: Економија 26 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Деловна или јавна тајна- и по осум години од владиниот модел за привлекување на странски инвестиции останува тајна кој инвеститор колкава државна помош добива. Вкупно 13 странски компании во технолошко-индустриските зони лани добиле државни субвенции, но во колкав износ, јавно не се обелоденува. Владејачкото мнозинство го усвои Извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), ама и покрај барањата на опозцијата, непознато остана колку пари од Буџетот и за кои намени се потрошиле како државна помош за странските инвеститори.Токму сумата што како државна помош ја добиваат странските бизнисмени беше повод за жестоки препукувања меѓу власта и опозцијата. На расправата на Комисијата за економски прашања,  опозицијата обвини дека власта намерно го крие износот субвенциите кои го добиваат странските инвеститори. Од опозициската СДСМ побраа наместо „ XXX“ Комисијата во решенијата за доделување државна помош да ја наведе точната сума што ја добиваат странските инвеститори. „И на претходната седница се обврзавте како Комисија за заштита на конкуренцијата да доставите податоци за висината на доделената државна помош, и тогаш не го исполнивте ветувањето.Директно ве прашувам колку пари од Буџетот на РМ се даде за странските инвеститори во 2015 година и за која намена?Сакам да ми кажете конкретна бројка и за кои инвеститори се однесува.Дали македонските граѓани не смеат да знаат колку пари се даваат за странските инвеститори, дали македонските фирми не смеат да знаат?Стопанството и граѓаните се тие кои го полнат Буџетот. Како сте ја одобриле помошта со „ XXX“? Кога исплаќате од Буџетот „ХХХ“ ли им давате? Кога треба да ве прашаат колку пари сте потрошиле вие „ХХХ“ пишувате?“,изјави Марјанчо Николов од опозициската СДСМ. Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренција Благој Чурлинов возврати дека Комисијата работи според законот, а решенијата што ги носат за државната помош се во согласност со законските одредби. „ Наше е да работиме и да ги носиме решенијата правилно. Нашите решенија се на увид и во Европската Комисија и во сите извештаи имаме позитивни мислења. Јас не би потпишал нешто ако не е во согласност со законот. Треба да се направи разлика што е доделена помош а што е планирана помош. Ние носиме решенија согласно планираната сума, едно е планирана, а друго е колку ќе се реализира. Според Законот за заштита на конкуренција, самото претпријатие што ја добило државната помош, зборувам за доделената планирана сума, нас ни дава доверлива и недоверлива верзија, и ни кажува што можеме да објавиме а што не можеме. А комисијата ги има сите податоци во архива за тоа колку изнесува планираната државна помош. Комисијата не дава пари туку решение за планираната помош, а ако сакате можете слободно да се обратите и до давателите на помош и до самите фирми“, изјави претседателот на Комисијата за заштита на конкуренција, Благој Чурлинов. Опозицијата побара одговор од претседателот на КЗК дали е точно дека белгиската компанија „ Ван Хол“ добила 17 милиони евра државна помош,  но претседателот на КЗК не даде одговор. Што дадовме а што добивме од СДИ? Покрај државната помош за отворање работни места и за градење објекти, странските инвеститори добиваат и низа даночни и царински олеснувања. Нема официјална информација колку субвенции добиваат странските бизнисмени за едно работно место. Неодамна дел од истражувањата покажаа дека едно работно место во слободните зони чини 21.000 евра. Освен за државната помош, пратениците од власта и опозицијата ги спротиставија ставовите и за ефектите од странските директни субвенции и позицијата на домашните компании кога се во прашање државните субвенции. Претседателот на КЗК Чурлинов изјави дека годинава државна помош им се одобрила на две македонски компании. „Во Законот е точно пропишано кои услови и критериуми треба да се исполнат за добивање државна помош. Свеста кај нашите компании во оваа 2016 година расте, сега имаме решенија за две македонски компании“, изјави Чурлинов. Николов од СДСМ обвини дека моделот за привлекување на СДИ не го дава очекуваниот ефект, а македонските компании кои го полнат Буџетот добиваат минимална поддршка од државата. „Тајноста на податоците за државната помош се однесуваат во ситуација ако се објави податок за државна помош со кој ќе се наруши конкуренцијата на пазарот. А 99 проценти од странските компании се обврзани да го извезуваат производството.Со тоа што не ги објавувате податоците, ќе предизвикате револт кај домашните компании кои плаќаат ДДВ, придонеси, разни трошоци а за возврат добиваат некои субвенционирани кредити, ослободување од придонеси од шест месеци до една година. А странските инвеститори добиваат пари од Буџетот, а не враќаат ништо во Македонија. Преку проектот „Македонија вработува“ се отворија 19.000 места, а странските инвестиции имаат отворено 13.000 работни места а добиваат субвенции. Ја гледате разликата, домашните компании со минимум поддршка отворија 19.000 места , а овие со низа поволности 13.000 работни места“, изјави Николов. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Крсто Муковски, возврати дека моделот за привлекување на странски директни инвестиции треба да биде поддржан од секоја Влада оти тој е најважниот двигател на економијата. „ Една од најдобрите иницијативи на оваа Влада е токму моделот за привлекување на странски директни инвестиции, тоа е единствен начин за лекување на нашата економија.Преку СДИ се зголеми извозот, се отворија нови работни места.Овој модел треба да продолжи и понатаму оти тој е важен двигател за македонската економија.Сите тие странски инвестиции не се конкуренти на македонските компании, тие се што произведуваат извезуваат. Во 1994 година 220 илајди луѓе останаа на улица.Празните ливади каде што имаше шатори сега не се празни има фабрики, се отвораат работни места, расте извозот, јавната потрошувачка расте. Имаме донесено Закон за заштита на конкуренција и Закон за контрола на државна помош и кажано е во тие закони јасно кои информации се деловна тајна и кои информации можат да бидат јавно соопштени. Меѓутоа во моментов оваа Комисија не можела да ни даде поинаков извештај“, изјави Крсто Муковски од ВМРО ДПМНЕ. Кои компании добиле лани државна помош? Според податоците од Извештајот на Комисијата за заштита на конкуренција, меѓу 13-те странски компании кои лани добиле државна помош се Џонсон Мети, Ки Сејфти Систем, Техникал Текстајлс,  Гентерм, Макдиа, Кранфилд Фаундри, Леар Цорпоратион, ОДВ Електорникс, Вистеон Електороникс, Јуроп Шок Абсорберс, М Скуаре Балкан Лимитед, Кондево МК Скопје. Инаку државна помош се доделувала преку кабинетите на министрите без ресор, Бил Павлески, Веле Самак и Џери Наумов, ТИРЗ со која раководи Виктор Мизо, и преку Агенцијата за странски инвестиции и прпмоција на извозот. А Комисијата за заштита на конкуренцијата одлуки за доделување државни субвенции за странските инветситори носела во текот на целата година, па дури и на 31 декември. Податоците од извештајот покажуваат дека лани и компанијата Вистеон Електорникс добила субвенции во истиоет период кога менаџментот на компанијата најави дека до крајот на оваа година ќе го затвори погонот и ќе си замине од земјава. Т.С   

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија